До каде може да оди границата на приватност во светот?

16

Границата на приватноста со години се преместува. Полека одиме во ерата Post Privacy. Многу работи откриваме ненадејно или не водејќи грижа за последиците, на пример, во нашите бројни активности на социјалните медиуми. Така, некои работи кои порано би останале дома, сепак излегуваат надвор, така што нашата трага низ интернет може интелигентно да се поврзе. Примерот со компанијата Cambridge Analytics, која многу лесно можела точно да ги детектира личните карактеристики на корисниците врз основа на нивните примени и испратени пораки на Facebook.

Според Мартин Мино од DW (Deutsche Welle ), aко на Alexa, практичниот говорен асистент на интернетската трговија Amazon, ѝ се постави директно прашање: Дали ме шпионираш?, апаратот веднаш ќе одговори: Не, заштитата на твоите податоци ми е многу важна.

 

Колку му е важна, се виде деновиве, кога е објавено дека Amazon и неговите соработници секој ден преслушуваат и анализираат илјадници разговори на корисниците со помош на овие апарати. Секако, корисниците за тоа не дознаваат ништо. Тоа го потврди и Amazon. Тврди дека со тоа сака да го подобри “доживувањето на потрошувачите“.

Одговорот е интересен, бидејќи веќе покажува дека на Amazon му е поважно “доживувањето на корисниците“ отколку нивната приватност. Зашто, не се снимаат само “службени“ налози, односно такви кога корисникот јасно ја овласти Alexa. Bloomberg објави извештај каде до Аmazon стигнало и пеење под туш, крик за помош од едно дете и дури и можен случај на силување.

Нови проблеми со удар на приватноста на корисниците на услугите

Ново безбедносно прашање ги погоди водечките гласовни асистенти – овој пат не е тоа дека производителите ги снимаат нашите разговори. Откриена е нова измама во којашто измамниците се кријат зад опциите на асистентите за автоматски повици, со цел да ги привлечат корисниците во нивната стапица.

Измамата работи со плаќање на пребарувачи за да ги промовираат нивните “бизниси“ со цел да се истакнат при пребарување.

 

Кога Siri, Alexa или друг асистент прави гласовно пребарување, алгоритамот може случајно да одбере еден од броевите што се измама. Се чини дека асистентите не се толку добри колку што претпоставувавме при откривање на лажни реклами и одбирање на алтернатива. Бирото за подобар бизнис од САД предупредува дека дури и навидум легитимните, познати бизниси можат да бидат вклучени во оваа измама.