Долгот кон УЈП порасна на 10,3 милијарди денари

27

Управата за јавни приходи ја објави листата на должници број 12, за долгови доспеани до 31-ви август и неплатени до 30-ти ноември оваа година, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници објавени се 2.017 должници – правни лица (повеќе за 53 од претходната листа) и 2.856 физички лица (повеќе за 137 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2020 изнесува 10.325.432.212 денари, повеќе за 369.834.509 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.274.092.966 денари (повеќе за 515.504.292 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 51.339.246 денари (помалку за 145.669.783 денари од претходната листа).

Физичките лица и самостојни вршители на дејност, кои се најдоа на листата имаат долгови повисоки од 120.000 денари, а за правните лица долгот е повисок од 300.000 денари.

Фото: Freepik