Донација вредна милион насмевки!

19

donacija

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ ја обедини ИКТ заедницата во хуманитарен проект: Донација вредна милион насмевки!

МАСИТ иницираше проект за обезбедување и донација на новогодишни пакетчиња за деца од ранливи категории. Поради огромниот интерес на ИКТ заедницата, МАСИТ го издигна проектот на ниво на караван од донации опфаќајќи неколку институции: Државно училиште за деца со оштетен вид Димитар Влахов Скопје, Дом за деца без родители 11 Октомври Скопје и Заводот за згрижување, воспитување и образование на деца Ранка Миловановиќ.

“ИКТ заедницата е силен двигател на општествени и економски промени преку технологијата, па оттука чувствуваме порив и одговорност да се грижиме за сите учесници во општеството, особено за помалку среќните и најмладите. Овој караван од донации е инициран од МАСИТ, но донатори се компании кои се членки и пријатели на комората кои со овој проект симболично донесоа новогодишпна резолуција за уште посилни залагање за добрина и позитивни промени”, велиизјави Анета Антова Пешева, заменик претседател на МАСИТ.

Овој проект на МАСИТ, како сведоштво дека празниците се време за нови резолуции и планови, инспирираше добар дел од донаторите за следни проекти кои ќе бидат во правец на инклузија на ранливите категории