Дозвола за градба од јуни за 15 дена

53

zlisice41-630x472Од 1 јуни дозволите за градење ќе почнат да се издаваат по електронски пат. Со новиот софтвер што го изготви ЗЕЛС во соработка со Агенцијата за електронски комуникации, дозвола за градба ќе може да се добие за 15 наместо за 45 дена, доколку предметот има комплетна документација.

На денешната презентација на новиот софтвер за управување со дозволите за градење, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески изјави дека новиот систем ќе биде во интерес на граѓаните, но и поттик за странските инвеститори.

Преку него ќе се врши прием на барањата за издавање одобрение за градење директно во дигитална форма. Процесот ќе биде во четири чекори, од доставувањето на барањето до издавањето на одобрението за градење.

“При изработката на новата електронска алатка за одобренијата за градење се користени искуствата на Сингапур, а Македонија е единствена држава во регионот што ќе воведе таков систем”, информира Јанакиески.

До 1 јуни ЗЕЛС ќе врши презентација на системот пред граѓаните и приватниот сектор со цел да се прифататат евентуалните забелешки, а паралелно ќе се вршат обуки на администрацијата.

Воспоставувањето на електронското издавање на дозволите за градба чини 200.000 евра.