ЕУ сака да се ослободи од бензинците и дизелашите – каков е планот

61

Бензинците и дизелашите заминуваат во историјата, иднината е на електричните возила, а Европската унија во среда ќе предложи стратегија со која во следната деценија ќе постигне јаглеродна неутралност во борбата против климатските промени.

На Стариот континент се лоцирани многу престижни фабрики за автомобили кои доминираат во автомобилските иновации. Но, автомобилите кои се главно превозно средство за Европејците се најголем виновник за стакленичките гасови.

Соочена со овој притисок, ЕУ во 2020 година зацрта цел да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година.

Европската комисија се очекува да предложи нови регулативи на 14 јули за да се постигне таа цел.

Единствено електричните возила  ќе може да го исполнат тој услов и практично ќе бидат единствените дозволени превозни средства на сосема новиот пазар.

Во 2020 година, Европа воведе максимална граница од 96 грама CO2 по километар за конструкторите на автомобили, но таа количина треба да се намали за 37,5% во 2030 година.

Намалувањето на емисиите на јаглерод треба да достигне 60 % во 2030 година, а потоа 100% во 2035 година, пишува Индекс хр.

На автомобилскиот пазар, кој претрпе силен удар од пандемијата на коронавирусот, електричните возила добро напредуваат. Уделот на електрични автомобили е 8% од сите регистрирани возила во Западна Европа во првите пет месеци од оваа година или 356.000 возила и што е повеќе отколку во цела 2019 година, вели германскиот аналитичар Матијас Шмит.

Новите регулативи дополнително ќе ги фаворизираат електричните возила и сè повеќе ќе доведуваат до отфрлање на  хибридни возила со полнење, кои комбинираат бензински мотор и батерија. Ова е голем предизвик за индустријата што вработува 14,6 милиони луѓе во Европската унија.

Повеќето членови нагласуваат дека пребрзата електрификација ќе ги зголеми цените на автомобилите и ќе ги уништи работните места во корист на кинеската конкуренција, која е пред Европа во однос на батериите.

Фото: Freepik