ЕУ со нови правила за поправка на фрижидери, машини за перење, телевизори…

112

Компаниите што продаваат фрижидери, машини за перење или телевизори во Европската унија од почетокот на овој месец ќе мора да гарантираат дека уредите може да се поправат до 10 години од моментот на купување, што ќе помогне да се намали количината на електричен отпад што се натрупува во Европа.

Согласно тоа, производителите мора да обезбедат резервни делови за уредите за 10 години.

Право на поправка, како што се нарекува тој процес, е дел од настојувањата да се намали натрупувањето на електичен отпад, така што ќе им се продолжи векот на траење на уредите и со тоа ќе им се зголеми енергетската ефикасност.

Многу од модерните апарати за домаќинство се залепени или споени што е потребен специјален алат или мора на сила да се отворат, така што е тешка нивната поправка, а друг голем проблем е недостигот на резервни делови.

Според новите европски правила, производителите ќе мора да обезбедат резервните делови да бидат достапни 10 години, иако некои делови ќе се добиваат само во професионални компании за поправка со цел да нивна замена на соодветен начин.

Потрошувачите со купување на уредот ќе добијат и упатство за негова поправка. Новите уреди ќе бидат така направени да може да се расклопат со помош на стандарден алат и да се рециклираат како веќе не може да се поправат.

Фото: Pexels