Еве каде грешите во продажбата

58

prodazba-1-pixabay

Фото: Pixabay

Се прашувате зошто не ви оди продажбата? Еве неколку примери што (не) треба да правите ако сакате да бидете успешни продавачи.

Не го продавате решението

Производите и услугите се купуваат во обид да се реши некој проблем, а луѓето вклучени во продажба губат многу време на понудата и најчесто нудат ниски цени. Наместо тоа, фокусот треба да биде ставен на уверување, односно убедување на купувачот дека производот ќе го реши проблемот.

Премногу се врзувате за презентацијата

Се подготвувате со часови и потоа толку многу се концентрирате на материјалот, слајдовите и деталите што не ги забележувате клучните знаци – дали се движите во добра насока или не. Многу е поважно вие да бидете присутни отколку самата презентација.

Не ги поставувате вистинските прашања

Продавачите честопати ги испуштаат приликите да изградат доверба кај клиентите со тоа што не ги поставуваат клучните прашања. Купувачот може да осети кога не сте доволно спремни или кога едноставно не верувате во тоа што го нудите. Не се плашете да бидете директни и да прашувате тоа што ве интересира, само така ќе дознаете зошто (не) сте успеале да продадете.

Верувате дека цената ќе ги реши проблемите на клиентите

Никој не купува цена! И покрај тоа што потенцијалниот купувач ќе бара пониска цена, на крајот на краиштата секој од нив ќе плати и повисока цена доколку производот/услугата е она што им треба во моментот.

Презентација без намера за затворање на продажбата

Треба да дадете до знаење дека очекувате продажбата да се затвори во предвидениот рок. Најчесто нема да наидете на одговор што го очекувате, но сепак со разбирање ќе го потврдите тоа што сте го рекле –  дека сте сигурни во квалитетот што го нудите. Она што ви е потребно е вистинската доза на самодоверба.