ЕВН ја реконструира дистрибутивната мрежа во Шуто Оризари

24

g_strujaПрвиот дел од проектот за целосна реконструкција на дистрибутивната мрежа за електрична енергија во Шуто Оризари е реализиран, стои во соопштението на ЕВН Македонија.

Нисконапонската мрежа од  трафостаницата Шуто Оризари 10 е обновена.  Мрежата која беше постара од 30 години, со неизолирани и дотраени проводници, сега е заменета со нова.

Дрвените столбови кои се наоѓаа во објектите на потрошувачите, се заменети со нови бетонски столбови поставени надвор од имотот на потрошувачите.

Досега од предвидената реконструкција, поставен е нов магистрален (главен) нисконапонски вод во должина од 1 600 метри, нови приклучни кабли за потрошувачите во должина од 14 000 метри, подигнати се 30 нови бетонски столбови,  поставени се 45 специјални мерно разводни ормари за електрични броила. Во целиот проект се инвестирани 7.500.000 денари или над 120.000 евра.

Како што информираат од ЕВН годинава предвидено да се реализира и вториот дел од проектот за реконструкција на нисконапонската дистрибутивна мрежа со што снабдувањето со електрична енергија на корисниците во Шуто Оризари ќе биде посигурно и поквалитетно.