Европа Скопје освои QUDAL златен медал за квалитет

88

Европа Скопје освои најголем број гласови, златен медал, во категоријата – Вафли во најновото истражување на пазарот за QUDAL – QUality meDAL General III 2018/2019 спроведено во Република Македонија во април, 2018 година.

Дигиталниот сертификат за ова признание можете да се погледнете на следниoт линк.

Компанијата го доби истото признание за највисок квалитет и во 2016 година во две категории Бонбони и Вафли.

Истражувањето за QUDAL – QUality meDAL, кое го спроведува меѓународната организација ICERTIAS – International Certification Association GmbH, го мери исклучиво искуството, мислењето и перцепцијата на корисниците за снабдувачите и производителите кои нудат апсолутно највисоко ниво на квалитет на пазарот.

Швајцарската организација ICERTIAS – International Certification Association GmbH во април 2018 година го спроведе наведеното истражување на пазарот QUDAL – QUality meDAL General III Macedonia 2018/2019 преку интернет-анкета.