Европската комисија претставува итно „оружје“ во борбата против кризата

49

Комисијата на ЕУ денеска го презентира новиот Инструмент за итни случаи на единствен пазар (SMEI).

Оваа рамка за управување со кризи има за цел да го зачува слободното движење на стоки, услуги и луѓе, како и достапноста на основните стоки и услуги во случај на идни вонредни ситуации, сè за доброто на граѓаните и бизнисите низ Унијата.

„Иако единствениот пазар се покажа како наше најдобро средство во управувањето со кризи, пандемијата ги истакна структурните недостатоци кои ја попречуваат способноста на ЕУ ефикасно да реагира на вонредни ситуации на координиран начин. Едностраните мерки предизвикаа фрагментација, влошувајќи ја кризата и особено погодија мали и средните претпријатија“, пишува на официјалната веб-страница на Комисијата.

Инструментот за итни случаи на единствениот пазар ги надополнува другите законодавни мерки на ЕУ за управување со кризи, како што е Механизмот за цивилна заштита на Унијата, а постојат правила на ЕУ за специфични сектори, синџири на снабдување или производи како што се здравје, полупроводници или безбедност на храна.

„Овој инструмент воспоставува добро избалансирана рамка за управување со кризи, со цел да се идентификуваат различните закани за единствениот пазар и да се обезбеди негово непречено функционирање“, пишува на веб-страницата.