Фруктал Мак ја зголеми основната главнина со 783.000 обични акции

56

Фруктал Мак АД Скопје изврши зголемување на основната главнина со издавање на 783.000 обични акции по пат на јавна понуда трета емисија, стои во соопштението објавено на Македонска берза.

На 24.12.2018 година е извршен уписот во Трговскиот регистар, а на 25.12.2018 година е извршен упис на акциите во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

Со новата емисија, основната главнина на Фруктал Мак АД Скопје се зголемува на 1.724.530 обични акции со номинална вредност од 5,11 евра за една акција.