ФЗЦ 11 Октомври за три месеци оствари добивка од 15,1 милиони денари

31

fzc-11-oktomvri

ФЗЦ 11 Октомври од Куманово, од 01.01. до 31.03.2017 година, прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 15.159.000 денари, стои во тримесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на првото тримесечје од минатата година, компанијата оствари добивка во висина од 28.833.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, на крајот на првите три месеци до 2017 година, имаа вредност од 266.147.000 денари. Од тој износ, помал дел од 56.515.000 денари е остварен на домашен пазар, додека поголемиот дел од 209.632.000 денари е реализиран на пазари во странство.

Приоритетна дејност на компанијата е производство на цевки, шупливи (издлабени) профили и слични производи од челик.