Го знаете ли значењето на кратенките CAO, CIO, СТО во бизнис светот

186

Во последните години сè почесто ги слушаме кратенките  коишто претставуваат одредени работни места, односно позиции во компании. Можеби сте чуле за CEO, и малку време ви треба да се сетите дека тоа значи извршен директор. Но, некои други кратенки како CAO, CIO  или СТО, може ве збунуваат.

Во продолжение прочитајте што значат овие кратенки во бизнис светот.

CEO – Chief executive officer

Извршен директор, одговорен за надгледување на активности на целата компанија и нему сите му поднесуваат извештаи.

Негови одговорности се да осмислува краткорочни и долгорочни стратегии, распределува задачи, делегира, координира итн.

COO – Chief operations officer

Главниот оперативен директор секојдневно управува со компанијата. Тој има задача да дизајнира и имплементира деловни стратегии, планови и процедури, да постави сеопфатни цели за перформанси и раст и да ги охрабри вработените да постигнат максимални резултати со посветеност.

CFO – Chief financial officer

Финансиски директор задолжен за надзор на финансиски активности, планирање на финансии и управување со ризици, за проток на пари и анализа на податоци.

Во негова одговорност се: управување со сметководство, човечки ресурси, односи со инвеститори, правни, даночни и благајнички оддели, составување периодични планови за проток на готовина, составување извештаи за артикли за планови, анализирање извештаи и сл.

CTO – Chief technology officer

Технички директор или раководител на Технички оддел, чиј фокус е на научни и технички проблеми. Тој мора да учествува во клучните одлуки како член на извршниот тим за управување, да одржува блиски односи со сите членови на менаџерскиот тим, да ги надгледува трансакциските системи на компанијата.

CIO – Chief information officer

Директор за информатичка технологија, одговорен за ИТ и компјутерски системи неопходни за функционирање на компанијата. Неговите одговорности се: советување и помагање на раководители за набавка и управување со ИТ, развој, одржување и олеснување на спроведувањето на здрава и интегрирана ИТ структура.

CAO – Chief administrative officer

Директор за администрација – надгледува финансиски, административни и маркетинг работи.

Обезбедува придонес кон деловно и стратешко планирање, поставува цели за одделенија и индивидуални менаџери, соработува со колегите за спроведување политика, организира, координира внатрешни работи и друго.

CRO – Chief risk officer

Директор за ризици, одговорен за управување со ризиците и можностите на компанијата. Неговите одговорности вклучуваат одржување на регистар на ризици засновани врз применливи закони и регулативи, шеми за измама, одржување на попис на внатрешни контроли и мапирање на клучните области на ризик, следење на напредокот преку внатрешна ревизија, само-тестирање или контрола.

CCO – Chief creative officer

Креативен директор во креативните или дизајнерските индустрии – е надлежен за управување со креативниот тим.

Тој е одговорен за насочување на креативниот производ на компанијата, развој на уметничка стратегија за дизајн со кој се дефинира брендот на компанијата, создавање уникатна слика на компанијата и доставување препознатлив дизајн на потрошувачите.

CMO – Chief marketing officer

Директор на маркетинг, а неговите одговорности се планирање на маркетинг цели, спроведување маркетинг планови и програми, истражување, анализирање и следење на финансиски, технолошки и демографски фактори кои влијаат на можностите на пазарот, планирање и следење на рекламирањето, промоција и др.

Фото: Pixabay