Google откри кои особини треба да ги има добриот менаџер

250

Google, како една од најголемите компании во светот, сериозно навлегува во истражување на своите вработени, односно што ги мотивира, што им ја намалува ефикасноста и клучно во сето тоа, како влијаат менаџерите на целата атмосфера во компанијата.

Преку проектот Oxygen, група на истражувачи од компанијата направи листа од 10 главни и клучни карактеристики кои треба да ги има еден менаџер за да може да се каже дека тој е добар.

  1. Добриот менаџер е добар тренер – наместо да го реши проблемот, добриот менаџер ја користи приликата да го пренесе своето знаење и да му помогне на вработениот заедно да го решат.
  2. Не ги микроменаџира тимовите – туку им ја дава на членовите слободата да истражуваат, да преземаат ризици, да прават грешки.
  3. Им обезбедува психолошка доверба на вработените – прави вработените да се чувствуваат сигурни дека нема да бидат исмејувани, понижувани или помалку вреднувани, ако погрешат или постават прашање.
  4. Добриот менаџер е продуктивен и ориентиран кон остварување резултати – Поставуваат добар пример за својот тим работејќи и не се плашат да ги засукаат ракавите и да ги мотивираат своите вработени.
  5. Добриот менаџер е добар слушател – активното слушање на своите вработени помага во развивање емпатија, меѓусебно запознавање и градење доверба.
  6. Добриот менаџер го поттикнува напредокот – не само на работата, туку и на градење на понатамошната кариера на своите вработени. Ги споделуваат своите проценки и помагаат во професионалниот развој на вработениот.
  7. Има јасна стратегија и цел за својот тим – преку добра комуникација со тимот, добриот менаџер знае каде се наоѓа неговиот тим во моментот, каде треба да биде и како да стигне до таму.
  8. Добриот менаџер ја познава работата – тој не е тука само да шефува, туку и самиот ги познава секојдневните обврски на своите вработени. Така го познава нивниот капацитет и секојдневните предизвици.
  9. Остваруваат соработка – лошите менаџери ги саботираат другите тимови, додека добрите работат за општото добро на компанијата.
  10. Донесува јасни одлуки – добриот менаџер не е импулсивен, туку аналитичен и промислен во донесувањето одлуки. По разгледување на фактите и перспективите, ги придвижуваат работите, дури и ако некому тоа не му одговара. И остануваат доследни на своите одлуки.

Фото: Freepik