HTTP или HTTPS?

188

Добро е познато дека само една буква може да направи огромна разлика, а еден пример за тоа се HTTP (Hypertext Transfer Protocol) и HTTPS (Hypertext Transfer Protocol Secure).

Иако се случува да не се прикаже оваа кратенка, таа претставува почеток на веб адресата што се пребарува. Доколку досега не сте обрнувале внимание на тоа, веќе е време, бидејќи спречува кражба на лични податоци и купувањето онлајн го прав безбедно.

HTTP по дефиниција претставува протокол за комуникација меѓу серверите и клиентот, за првпат се појавува во 90-тите години од минатиот век, а зад него стои Тим Бернерс Ли, човекот кој е заслужен за World Wide Web (WWW).

При користење на HTTP, сите податоци што се испраќаат се без заштита, а HTTPS овозможува безбедна, шифрирана комуникација што штити од злоупотреба.

Доколку сакате да купите нешто онлајн, да платите сметка или да пополните некој формулар што содржи лични податоци, HTTPS обезбедува тие податоци да останат сигурни, па нема да дојде до крадење на идентитетот или до трошење пари од картичката од страна на некој хакер.

Освен за корисниците, HTTPS е важен и за сопствениците на интернет страници. На тој начин се зголемува довербата на посетителот. Google подобро ги рангира оние интернет страници што користат HTTPS, па ако целта е поголем број посетители, тогаш нема дилема за негова употреба.