Исплатени 199 милиони денари на над 13.000 земјоделци

9

Министерството за финансии денеска исплати 199,1 милиони денари субвенции на 13.781 земјоделци по основ повеќе мерки.

За обработлива површина поледелски култури исплатени се 67.674.764 денари на 3.412 земјоделци, додека за градинарско производство на отворено и под пластеници исплатени се 29.416.167 денари на 1.540 земјоделци.

За обработлива земјоделска површина со добиточна храна, Министерството за финансии исплати 9.948.594 денари на 4.734 земјоделци.

Исто така, направена е исплата по мерката одржување на овошни насади во износ од два милони денари, одржување на лозови насади во износ од 3,6 милиони денари и продаден сиров тутун од реколта 2012 во износ од 1,66 милиони денари.

Во рамки на мерките за поддршка на сточарството направени се вкупни исплати од 85 милиони денари за следните мерки: за одбележани грла говеда исплатени се 56.879.760 денари на 2.233 земјоделци. Субвенции за задржано јагне се исплатени 1.175 земјоделци во износ од 25.729.900 денари. Исто така, исплатени се 1,1 милион денари за мерката основани стада за производство на говедско месо  и 1,3 милиони денари за мерката добиено теле со вештачко осеменување.