Извозот на Италија лани се намали за 6,9%

19

Италија минатата година извезе производи во вредност од 496,1 милијарда долари, што претставува намалување од 6,9% во споредба со 2019 година.

Согласно податоците на World’s top exports, 64,5% од извозот на Италија беше насочен кон: Германија (12,8%), Франција (10,3%), САД (9,8%), Швајцарија (5,8%), Велика Британија (5,2%), Шпанија (4,7%), Белгија (3,4%), Полска (3%), Кина (3%), Холандија (2,6%), Австрија (2,1%) и Турција (1,8%).

Италија има популација од 60,5 милиони жители, па извозот по глава жител минатата година изнесуваше 8.200 долари.

Најголем дел од извозот (18,4%) отпаѓа на извоз на машини и опрема во висина од 91,1 милијарда долари. Потоа следуваат: возила (38,3 милијарди долари), фармацевтски производи (35,9 милијарди долари), опрема (30,8 милијарди долари), пластични производи (20,3 милијарди долари)…

Фото: Pexels