Како да постапите после направена грешка на работа

118

mistake-876597_960_720

Фото: Pixabay

Секој греши, но не секој знае како треба да постапи после тоа. За да не бидете во таа група, неколку совети во продолжение.

Време за средување на емоциите

Направивте грешка и дозволено е да се чувствувате фрустрирани, посрамени, загрижени. Сепак, тоа мора да трае кратко. Можеби ќе остане мала сенка од негативноста и затоа е важно што побрзо да се ослободите од неа на начин што сметате дека е соодветен за вас. Било да е тоа спортување, јога, водење на дневник, психотерапија… направете го веднаш и преземете го следниот чекор.

Не ги кријте грешките

Не се обидувајте да скриете што точно сте направиле. Преземете ја вината во целост. Ова е добро за сите, а вам ви дава чувство дека имате контрола над ситуацијата. Оние кои ги признаваат своите грешки имаат подобра репутација и подобар перформанс на работното место.

Извинувањето треба да е соодветно на грешката

Не секоја грешка има иста тежина. Ако сте направиле мала печатна грешка во испратениот мејл, тоа не значи дека треба да драматизирате пред претпоставените. Доколку грешката е посериозна треба да понудите поопширно објаснување и соодветно извинување. Не го користете зборот “но/ама” кога ќе се извинувате, така ќе звучи како да сакате да обвините некој друг.

Понудете решение

Некои грешки се поправаат брзо, лесно, но за некои потребно е време и средства. Виновникот сте во случајов вие и ваше е да понудите решение. Доколку не сте успеале да го најдете, потрудете се барем да објасните кои чекори сте ги направите за да ја решите ситуацијата. Оние вработените кои веднаш пристапуваат кон барање на решение, се сметаат за одговорни и личности кои можат да работат под притисок.

Што не треба да се каже

Не бидете премногу строги и не посегнувајте кон реченицата “Ова нема да се повтори”, дури и кога сте сигурни дека е така. Наместо тоа, кажете што сте научиле од направената грешка и информирајте ги останатите како ќе постапите во иднина.