Како да водите ефективни преговори

211

rakuvanje

Фото: Pexels

Преговарањето се дефинира како разговор помеѓу поединци кои се обидуваат да ја изнесат својата најдобра идеја и да се дојде до решение корисно за сите. Решението не се постигнува со конфликти и недоразбирања, туку најдобро е да се најде компромис што ќе ги задоволи двете страни.

Пред да ги започнете преговорите темата треба јасно да биде утврдена. Запрашајте се – зошто преговарате, која е целта на преговорите и обидете се да дознаете повеќе за личноста со која преговарате.

За успешно водење на преговорите потребно е да поседувате одредени вештини, пишува MSG. Пред да се договорите бидете сигурни дека сте ги разгледале сите детали и оттргнете ги сите сомнежи. Ако оставате впечаток на збунета личност другата страна нема да ве слуша.

Реагирајте разумно: Добриот преговарач мора да реагира разумно. Ако сте незадоволни со договорот кажете ѝ на другата страна. Посочете дека договорот мора да биде ревидиран.

Трпение: Една од страните мора да биде доволно трпелива. Вашиот предлог можеби нема да биде прифатен на почеток и за тоа ќе ви биде потребно време и трпение за да ја убедите другата страна.

Самодоверба: Во водењето на преговорите не делувајте очајно. Внимавајте на изразот на вашето лице и не бидете нервозни.

Пристојност: Презентирајте ги своите идеи на пристоен начин. Запомнете дека тоа е само дискусија, а не воено поле. Не користете навредливи изјави.

Јасна комуникација: Додека преговарате не ги менувајте вашите изјави и не користете зборови што можат да ја збунат другата личност.

Добар слушател: Слушнете што нуди другата личност и обидете се да ја разберете ситуацијата.