Како културно да замолкнете некој што премногу зборува на состаноци

145

Лидерите треба да знаат како умешно да се справат со некој кој сака премногу да зборува на состаноци, со што честопати се “скршнува“ од темата. Состаноците треба да се ефективни и да не се губи време на непотребни работи.

Се случува некој малку повеќе да одолговлекува со изнесувањата, па затоа експертите препорачуват ваков пристап.

Јасна агенда

Пред состанокот до сите учесници треба да се достави јасна и конкретна агенда. Тоа ќе им даде до знаење за што точно ќе се дискутира и ќе им помогне да останат доследни на темата.

Временски ограничувања

Лидерот на состанокот треба да постави временски ограничувања на зборување на секој учесник. Минута, две или пак едно до три мислења од секого. Така ќе се направи построга распределба на времето.

Враќање на темата

Колку и да сакаме да се придржуваме кон агендата можно е некој да “залута“ со забелешки и ставови. Тогаш е време да се врати учесникот на темата, со зборови од типот “Тоа се одлични забелешки, но ќе ги оставиме за некој следен состанок…“.

Културно прекинување

Во некои случаеви ќе треба да се реагира со прекинување на тој што зборува, но сепак на културен начин. “Тоа е одлично, но дали имаш препораки како може да ја имплементираме оваа стратегија за нашиот проблем“ е едно од решенијата.
Или “Извини што ќе те прекинам, но во интерес на времето/ќе може ли да се вратиме на агендата…“ е исто така љубезен начин да дадете до знаење дека некој треба да замолкне.
Фото: Pexels