Како Цукерберг ги оправда шокантните наводи на “свиркачот“

147

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг конечно одговори на серијата обвинувања упатени кон компанијата од страна на “свиркачот“ Франсис Хоген, кога тој негираше дека социјалната мрежа ја става предноста над безбедноста на своите корисници.

Тој првично напиша дека ја напишал својата белешка до сите негови вработени во Фејсбук.

„Во срцето на овие обвинувања е идејата дека ние даваме приоритет на профитот пред безбедноста и благосостојбата (на корисникот). Тоа едноставно не е точно“, рече Цукерберг во долга објава на Фејсбук.

Неговите коментари доаѓаат речиси еден месец по извештајот на Волстрит Журнал, на кои Хоген им даде увид во внатрешните документи на Фејсбук. Хоген ја напушти компанијата во мај, наведува CNBC, додавајќи дека документите ги расветлуваат проблемите поврзани со услугите на Фејсбук, кои покажуваат дека компанијата била свесна за нив, но или ги игнорирала или не ги решила.

Ова вклучува истражување кое покажало дека Фејсбук знаел дека Инстаграм е штетен за менталното здравје на тинејџерките.

„Од се што е објавено, особено сум фокусиран на прашањето што се отвори за нашата работа со деца. Поминав многу време размислувајќи за видовите искуства што сакам моите и другите деца да ги имаат на интернет, и за мене е многу важно се што градиме да биде безбедно и добро за децата“, рече Цукерберг.

Френсис Хоген сведочеше пред сенаторите во Капитол Хил во вторникот наутро за проблемите што Фејсбук ги создава за општеството. Без да ја спомне Хоген, Цукерберг рече дека „многу од обвинувањата немаат смисла“.

„Наводите дека заради профит, намерно туркаме содржини, што ги лутат луѓето, се длабоко нелогични“, посочи тој.

Цукерберг, исто така, го повика Конгресот да ги ажурира регулативите за Интернет што одредуваат во кои години треба да им се дозволи на тинејџерите да користат Интернет услуги, како технолошките компании треба да ја потврдат возраста на нивните корисници и како компаниите треба да балансираат помеѓу давање приватност на децата, а на родителите увид во нивните онлајн активности.

„Слично како и балансирањето на другите социјални проблеми, не верувам дека приватните компании треба да ги донесат сите свои одлуки. Затоа веќе неколку години се залагаме за ажурирање на правилата за Интернет“, заклучи Цукерберг.

Тој во објавата го спомена и ненадејниот неколкучасовен прекин на работата на услугите на Фејсбук, што се случи во понеделникот, наведувајќи дека тоа е „најлошото исклучување што сме го имале во последните години“.