Анализи

Раководителите на деловните субјекти ја оценуваат економската состојба во изминатиот месец како поповолна во однос на месец април, а како понеповолна во однос на мај 2012 година.
Државниот завод за статистика објави дека стапката на невработеност во Македонија во првото тримесечје од годинава изнесува 29,9%.
Според бројот на многу богати луѓе во анализата што ја изработи World Ultra Wealth Report (WUWR), Македонија има 35 мултимилионери, со што се најде при дното на европската листа, односно од вкупно 45 европски држави, на 42-то место.
Во јунскиот полугодишен извештај Светската банка (СБ) ја крена прогнозата за раст на македонската економија од 1,0% на 1,4%, колку што прогнозираше во претходниот извештај.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите кои во април биле регистрирани во Македонија изнесува 42.380, што е за 4,1% повеќе во однос на истиот месец лани.
По одржаната седница, Комитетот за оперативна монетарна политика оцени дека ликвидноста во банкарскиот систем во Македонија и во текот на мај била на релативно високо и стабилно ниво, при што банките активно ги користеле расположливите монетарни инструменти.
За само три години, инвестициите во Бугарија паднале за 80%, соопшти претседателот на Бугарската стопанска комора, Божидар Данев.
Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во мај во однос на април годинава бележат зголемување за 1,5%.
Поради зголемената побарувачка во следната деценија, цените на храната ќе пораснат меѓу 10% и 40% на глобално ниво, затоа владите мораат да работат на зголемување на земјоделското производство.
Во месец април годинава биле издадени вкупно 241 одобрение за градба, што е за 20,5% повеќе во однос на истиот месец претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Во надворешно-трговската размена Република Македонија во првите четири месеци од годината остварила трговски дефицит од 786,6 милиони американски долари, што е за 73 милиони долари повеќе во споредба со истиот период лани.
Индексот на трошоците на животот, како клучен показател за движењето на инфлацијата, во мај во Македонија бележи пораст од 3,4% во однос на истиот месец лани.
Според соопштението на ТАВ Македонија бројот на патници кои во мај ги користеле услугите на двата македонски аеродроми е зголемен за 27% споредено со истиот месец лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од годинава во Македонија имало 4.692 слободни работни места.
Новинарите од специјализираното електронско издание на Бизнис инсајдер изработија ранг - листа на најлоши авиокомпании во светот, врз основа на лични впечатоци и мислења на патниците.
Според Државниот завод за статистика на територијата на Република Македонија во 2012 година биле евидентирани вкупно 126 радиодифузери, од кои 68 емитуваат радиопрограма, а 58 телевизиска програма.
Американско списание Форбс ја објави листата на најбогатите луѓе на Балканот според вредноста на акциите кои ги поседуваат, на која се најдоа имињата на петмина бизнисмени од Македонија.
Скоро 1,2 милијарди луѓе во светот живеат без електрична енергија, а уделот на обновливата енергија во светската потрошувачка порасна само малку во последниве 20 години, пишува во извештајот на Светската банка и Меѓународната агенција за енергија.
Државниот завод за статистика соопшти дека индустриското производство во април годинава во однос на истиот месец лани е зголемено за 4%.
Во Бугарија 49% од луѓето живеат во ризик од сиромаштија, а 60% трпат материјална беда. На спротивниот крај на графиконот е Чешка, каде во ризик од сиромаштија е само 15% од населението.
Просечната месечна исплатена бруто - плата по вработен во март 2013 изнесува 31.185 денари, а во овој месец плати не примиле 2,6% од вработените во Македонија.
Според објавените показатели на Министерството за финансии, буџетот на Република Македонија во април оствари суфицит од 172 милиони денари, со тоа што вкупните приходи изнесуваат 16.657 милиони денари, а расходите 14.485 милини денари.
Овој бренд на инстант супи, сосови, кнедли и смеси за подготовка на јадења се најде пред брендот Knorr на Unilever, а третото место го зазема Lay, бренд на компанијата PepsiCo.
Вицепремиерот Зоран Ставрески и гувернерот на НБРМ Димитар Богов констатираа дека финансикиот сектор во Македонија е стабилен и покрај сите нестабилности и несигурности што владеат во светската економија и светските финансиски пазари.