Македонија

Голем дел од пастрмајлиите на овогодишното издание на Штипската пастрмајлијада ќе бидат направени од брашното на Жито Лукс.
Од 26 до 29 овој месец на Скопскиот саем ќе се одржи вториот меѓународен саем за транспорт и логистика.
Oд 1 јануари следната година во втората фаза од либерализацијата на пазарот со електрична енергија, над 140 индустриски потрошувачи се стекнуваат со статусот квалификуван потрошувач.
Во среда на 26 септември ќе би поставен камен темелник на новата фабрика за заштитна облека VPTEX Македонија во Општина Илинден.
Европа – Скопје, Контихридропласт - Гевгелија, Киро Дандаро – Битола и Беташпед се дел од компаниите кои со средства од фондот на Европската банка за обнова и развој инвестираа во проекти за енергетска ефикасност.
Термал Комфорт, компанија која нуди изведба на системи во сите мали и големи станбени и деловни објекти, ова лето, како дел од Проектот за заштита на здравјето од климатските промени го изведе соларниот систем на Општа болница Гостивар.
Задоволни сме што Владата за прв пат проговори за реалниот проблем на стопанството со наплатата на долгот кон компаниите.
Од 6 до 9 септември Макпрогрес со своите брендови Винчини и Армониа се претстави на интернационалниот саем за храна и технологија Gida worldfood во Истанбул, Турција.
Според информацијата од ЗК Пелагонија објавена на Македонска берза, за имотот на Жито Битола компанијата платила 857.000 евра, од кои 815.000 се кредит од Комерцијална банка.
Бизнис климата во Македонија е поповолна во однос на останатите држави во регионот, но потребна е поголема активност на бизнис заедницата за директни контакти.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 65-тата седница, даде согласност Јован Дојчиновски да биде именуван за извршен член на Одборот на директори на Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје
Газпром Експорт ќе одржи брифинг со Сергеј Икоников, раководител на претставништвото на Газпром Експорт во Македонија. Настанот ќе се одржи во Скопје, на 26 септември 2012 г.
Премиерот Никола Груевски, со цел економски тим, ги собра на едно место бизнисмените, сопствениците на акции и удели во компаниите и менаџерите на над 700 компании за да им ја презентира владината економска стратегија.
Џонсон Мети доби А - Интегрирана еколошка дозвола, согласно Законот за животна средина.
Во Градскиот трговски центар во Скопје денеска се отвори новиот продажен салон на Дуна за производите Епл.
Нов, светски изглед на дневникот, ново лого, нова генерација новинари, нова програмска шема...
Во изминатите неколку денови, царинските службеници открија четири обиди за избегнување плаќање царински давачки.
Влезот на Туркмол на Скопскиот саем, ја отвори можноста шведскиот бренд, чиј застапник е турската компанија за овој дел од Европа, да дојде во Македонија.
Гостилница Ла Тана е новото место во градот кое дефинитивно треба да го посетат сите љубители на староградскиот - етно стил, вкусната храна, прекрасното вино и убавата македонска песна.
Во хотел Метропол, Охрид од 18 до 21 октомври 2012 година ќе се одржи „Глобалниот Инвестициски Самит за Македонија 2012“
Владата одлучи да определи минимален надоместок за добивање привремено уверение за сметководител и овластен сметководител и трајно уверение за сметководител по симполични цени.
Охридска банка отвори нова експозитура во Гевгелија, лоцирана во центарот на градот.
Таблет-компјутер ај-пад 2 (иПад 2) на информатичкиот гигант Епл, од денес во Македонија ќе се продава ексклузивно во продажните салони на Дуна компјутери, соопшти оваа наша компанија.