Минимална цена на надоместокот за сметководители

61

Владата одлучи да определи минимален надоместок за добивање привремено уверение за сметководител и овластен сметководител и трајно уверение за сметководител по симболични цени.

Според одлуката, надоместокот ќе се движи од 300 до 1.000 денари, односно привремено уверение за сметководител ќе чини 300 денари. Тоа ќе се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од три години или вишо образование и работно искуство од две години или високо образование и една година работно искуство.

Привременото уверение за овластен сметковител ќе чини 500 денари, а ќе се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од 10 години, вишо образование и работно искуство од осум години или високо образование и три години работно искуство.

Трајното уверение за сметководител или овластен сметководител ќе чини 1.000 денари, а ќе се издава на лица кои имаат 25 години работно искуство во сметководствени работи.