Според Јавниот повик, потврда-ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи можеа да добијат сите граѓани чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари и кои аплицираа на Јавниот повик кој беше објавен на 8 јуни 2021 година.
Во првите шест месеци од минатата година, добивката на компанијата беше на ниво од 511.911.000 денари.
На настанот ќе биде објавено новото име на регионалната иницијатива што досега беше неформално нарекувана како Мал шенген и ќе бидат потпишани трилатерални договори што, според најавите, ќе го подобрат животот на граѓаните и на бизнис заедницата од Западен Балкан.
Приоритет остануваат здравјето, здравјето на граѓаните, здравата економија и здрави финансии.
Пекабеско АД за периодот јануари - јуни 2021 реализираше 27 нови вработувања, а 29 вработени го напуштија друштвото. Бројот на вработени на крај од вториот квартал изнесува 451.
На сите граѓани што аплицирале и што ги исполнуваат условите за добивање ваучер за домашен туризам ќе им бидат врачени во текот на наредната недела и нема да важи условот “прв дојден, прв услужен” што се применуваше досега.
Крајната цел на овие работилници е да се запознае јавноста за поволностите што ги нуди мерката 7, но и условите што треба да се исполнуваат. Овој повик што е на сила до 22 август е последниот од ИПАРД 2 програмата, со буџет од 9,6 милиони евра, од кои преку поврат на инвестиции макисимално можат да се обезбедат до милион евра.
Министерот информираше дека со последните законски измени се додаваат повеќе основи за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини од страна на државата, со што се заоструваат условите за работа на концесионерите.
На овој начин, секој денар на граѓаните ќе можеме да го следиме каде е отиден и кој ефект го има постигнато за да се врати назад кај граѓаните како добра инфраструктура, градинки, училишта, велосипедски патеки, нови отворени работни места", подвлече Битиќи.
Со 12 грантисти од земјава, Министерството за локална самоуправа денеска потпиша договори за кофинансирање на 12 нови проекти вредни 3,6 милиони евра преку ИПА Програмата на Европската Унија за прекугранична соработка. 
Со цел да се зголеми ефикасноста на државната администрација, сите институции да преземат иницијатива да се приклучат на системот за интероперабилност за брз временски период.
Во јуни 2021 oваа година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1,3% на месечно и за 7,3% на годишно ниво.
Досега на шалтерите на единиците на поштенска мрежа на цела територија на државата можеше да се изврши уплата на режиски трошоци, уплата на дневен пазар од правни лица, уплата на јавни давачки со образец ПП 50.
Освојувачот на сребрениот медал во теквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со дополнителни 600.000 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт.
Азески во интервјуто оценува дека е неопходно регионот што побрзо да се апстрахира од деструктивниот процес на “балканизација“.
Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза  во текот на следните денови , почнувајќи од четврток 29.07. до 01.08.2021 година.
Третиот пакет опфаќа 34 општини на кои им се одобрени проектите со кои тие аплицираа за оваа програма и со кои се опфатени изведби на инфраструктурни зафати од непосреден интерес на граѓаните од опфатените општини со овој пакет и со нив се заокружува реализацијата на програмата ТАВ.  
Македонија оваа година е горда на својот претставник во Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски кој се закити со сребрениот медал во теквондо во...
Од 40 компании потенцијални инвеститори со кои се разговара, десет открива тој, се најзаинтересирани да вложат во нашата земја.
Пендаровски на четворицата економски советници им посака успех во претстојниот ангажман и изрази очекување за конкретни резултати во искористувањето на економските потенцијали меѓу нашата држава и државите што економските советници ги покриваат.
ССМ уште им препорачува на работодавците да направат промени во организацијата на работниот процес (работа во смени, ротација на работниците и друго).
Веќе четврта година по ред Алкалоид АД Скопје ги отвора вратите за учениците и за студентите кои изразија интерес ова лето да бидат дел од Програмата за млади таленти.
Втори август (понеделник), Ден на Републиката, ќе биде неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Андреја Стражишар да биде именувана за член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје со мандат од четири години почнувајќи од 30.08.2021.