Со зачленувањето во СЛ клубот играчите na Sport Life се здобиваат со екслузивно право да учестуваат во оваа и голем број други акции и натпревари како што се Типстер на месецот, Втора кеш шанса, како и да освојуваат поени за вредни подароци од СЛ маркетот.
Северна Македонија во поглед на брзините на мобилен интернет, од 139 земји кои беа опфатени во мерењето, е на 24 место во светот.
Од 22.01.2021 година нов Управител на Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт EЛЕМ Турс е Адем Авзиу.
На основ на тие лиценци, приредувачите на игри на среќа во обложувалница вложуваат во простор, средства за работа, ИТ решенија, нови вработувања.
Помеѓу условите кои еден е-трговец треба да ги исполнува се: да има објавено седиште и адреса, контакт податоци (е-маил адреса), даночен број - ако е-трговецот е ДДВ обврзник, да има поставена политика за враќање на производите, политика за заштита на лични податоци, да поседува ССЛ сертификат, да ги има јасно и транспарентно објавени цените на производите и услугите итн.
Вредноста на пакетите е една милијарда евра, секој пакет има по стотици милиони.
Мерката долгорочна суспензија од котација се изрекува за период од најмалку 30 дена почнувајќи од 26.01.2021 година и трае до отстранување на причините поради кои е изречена оваа мерка.
Претседателот Пендаровски порача дека се работи за млади луѓе кои ја заслужуваат и ќе ја оправдаат довербата, а на државата останува обврската да им овозможат услови на овие млади луѓе кои сакаат да останат во државата, да ја добијат првата шанса тука.
Известуваат дека, барањето на сметководителите за пролонгирање на роковите за доставување на даночните и финансиските извештаи доставено до Влада на РСМ на ден 18/01/2021 година е изгубено низ бирократските лавиринти, исто како и реалната потреба и предлози за нов Закон за вршење сметководствени работи изминативе три години.
Дизелот од полноќ поскапува за пловина денар, додека бензините останува да се точат по истата цена утврдена на 22-ри овој месец.
Целта на ваквите обуки е зголемување на свесноста и капацитетот на давателите на услугата брз трансфер на пари и нивните субагенти и на овластените менувачи за спроведување на своите обврски во овој сегмент на работењето.
Во ноември 2020 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 671.057 МWh електрична енергија, 45.016 мил. нм3 природен гас, 402.743 тони јаглен и 85.862 тони нафтени продукти.
Заклучно со третиот квартал лани во државава се регистрирани 1.348.663 претплатници со пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилните мрежи, што е за 92.048 повеќе споредено со вториот квартал.
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник 26 јануари . Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
Сите заинтересирани граѓани кои ги исполнуваат овие услови и се кредитноспособни согласно условите од банката можат да аплицираат во една од осумтте банки кои учествуваат во проектот: Тутунска банка, Стопанска банка-Скопје, Шпаркасе банка, Стопанска банка-Битола, Силк Роуд банка, ТТК банка, Охридска банка и Прокредит банка.
Порталот Локално неофицијално дознава дека Народната банка на Македонија подготвува законска регулатива која ќе има за цел поддршка на трансакции за трговија со дигиталните валути.
Почнувајќи од денеска, 24-ти јануари, лабораторијата Жан Митрев ќе распореди свое мобилно амбулантно возило за тестирање пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје.
За најавената предлог политика за недела како неработен ден, спровеле анкета во која претпријатијата позитивно се изјасниле за нејзина реализација.
Рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 01.10.2020-31.12.2020 и 01.12.2020 -31.12.2020 се продолжува за четири дена, односно за краен рок за поднесување ќе се смета 29 јануари 2021.
Најавени повисоки плати и нови инвестиции во ТИРЗ.
Во февруари се очекуваат вакцините кои се договорени директно со компанијата Pfizer.
Во последниот број, неделникот Фокус открива афера која дава сосема нова димензија за причините зошто доцни изградбата на штипската болница.
Највисока основица за пресметка на придонесите за 2020 година за самовработено лице изнесува 493.692 денари (12 x 41.141 денари).
Што повеќе се пролонгира одлуката за онлајн обложување, толку поголема е опасноста многу работни места да бидат загрозени. А, повеќе од 70.000 луѓе во потполност или делумно зависат од генерирање на личен доход од ланецот на вредности кој го има создадено оваа индустрија!











