Во Република Македонија во фаза на изградба или на реконструкција се голем број локаклни, регионални и магистрални патиштата. Во фаза на реконструкција се и постојаните автопати, а во тек е изградба и на нови автопати.
За цела 2017 година не се очекуваат позначајни отстапувања на инфлацијата од априлската проекција, при што и натаму се очекува раст на цените од 1,3%, којшто понатаму умерено би забрзал до 2% во 2018 година.
Мобилната апликација е бесплатна и достапна за сите заинтересирани корисници.
Предизвиците со кои се соочуваат повратниците во земјава, при процесот на нивната интеграција, добија и свој лик, а за прв пат ќе бидат претставени утревечер (28 јули) на изложбата Бегалци во сопствената земја, во рамки на Фестивалот за процесирање култура, ДримОN.
Атлантик Група во првата половина од 2017 година оствари вкупни приходи од продажба во износ од 336,4 милиони евра, што во споредба со првото полугодие од 2016 година претставува раст од 2%.
Вип ја продолжува наградната игра Еко активација со која ја поттикнува еколошката свест во јавноста и го најавува второто извлекување на 15 август 2017 г.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 66,7% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија.
На 16 и 17 октомври 2017 година, Скопје ќе биде центарот на бизнис случувањата од ЈИЕ регионот и домаќин на 6-тиот по ред годишен САМИТ100 за бизнис лидери од Југоисточна Европа, со примарна цел да се изнајдат конкретни идеи, проекти и предлози за подобрување на поврзаноста во регионот од сите економски и општествени аспекти.
Околу 20 компании од Адијаман, источна Турција, денеска ќе имаат директни средби со македонски фирми на бизнис форум што го организира Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО).
Во пливачката школа во Кавадарци, проф. д-р Наташа Мешковска откри невиден талент за пливање кај 7 годишно девојче, кое за само осум часа успеа да ги научи четирите техники во пливањето.
Системот е проектиран така што како основен извор на енергија ја користи сончевата енергија, додека пак за дополнување во зимскиот период, ќе ја користи топлинската енергија од централното градско греење.
Академијата за програмирање, односно развој на веб технологии е комбинација на последните веб технологии и традиционалниот пристап во изучувањето на компјутерските науки.
Вчера во Куманово официјално беше отворена седмата Coca-Cola Активна зона, како продолжение на долгорочниот проект на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola, за промоција на активниот начин на живот и добробит на заедницата.
Освен најзастапената сорта "кардинал", во Тиквешијата се произведува и десертно грозје од раните сорти "демиркаписка рана", "белградска рана", "јулски мускат", "блек меџик", "викторија",…
Малопродажната цена на Еуросупер БС-95, се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.07.2017 година и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 61,00 ден/лит.
InPlayer Македонија моментално управува со тим од 35 вработени и ги опслужува најголемите медиумски и софтверски компании во светот.
Граѓаните ќе можат на брз и едноставен начин да стигнат до потребните информации како да си ги остварат своите права, односно како да стигнат до потребните документи од административна страна.
Ова е одлична можност за сите што во овој период се подготвуваат за одмор или подолго патување, пред самото поаѓање да се осигураат во исправноста на своето возило.
The Cube наскоро најавуваат отворање на нова соба која е инспирирана од еден од најинтересните авантуристични филмови, каде богатството е пресудно за среќен крај.
Акционерското друштво Кланица со ладилник од Струмица првото полугодие од 2017 година го заврши со вкупна сеопфатна добивка од 12.917.000 денари.
Интернационалниот финансиски магазин Еuromoney, со седиште во Лондон, ја награди Охридска банка Сосиете Женерал за Најдобра банка во Македонија за 2017 година, втора година по ред.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во мај оваа година изнесува 22.889 денари, додека во бруто износ е 33.640 денари.
Корисниците имаат опција да започнат разговор со агент за корисничка поддршка и тоа со кликање на прозорче во долниот десен агол.
Новиот тарифник започнува со примена од денеска (21.07.2017 година) и истиот може да се најде на интернет страницата на берзата.