понеделник, 16 септември, 2024

Македонија

Од 8 до 10 октомври Македонија 2025 ќе го одржи вториот Глобален инвестициски Самит за Македонија, а место на случувањата повторно ќе биде Охрид.
Остануваат уште 15 дена до истекот на рокот за 5.481 фирми да се регистрираат и 12.059 да мигрираат на новиот систем на е-Даноци.
Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување во наредната година ќе организираат неколку циклуси на тренинзи со цел доедукација на менаџерскиот и медицинскиот кадар во болниците и клиниките низ Републиката.
АД ЕЛЕМ, АД МЕПСО и ЕВН Македонија денес им доделија стипендии на 15 студенти од електроенергетските насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии, чиј просек на студирање повисок од 8.
Делегација на Македонско-бугарската стопанска комора денес во Приштина ќе потпише Меморандум за соработка со Алијансата на бизнисите во Косово.
Државниот завод за статистика објави дека стапката на невработеност во Македонија во првото тримесечје од годинава изнесува 29,9%.
Според податоците на Државниот завод за статистика прометот во индустријата во април, споредено со истиот период лани, бележи пораст од 7%.
Почнувајќи од денес клиентите на Т-Мобиле и НЛБ Тутунска банка ќе можат да плаќаат преку своите мобилни телефони, благодарение на новата услуга Мобипеј.
Министерството за информатичко општество и администрација објави повик за избор на најдобри е - продавници.
Минатата година во Македонија имало 2.235.460 активни корисници на мобилни телефони, што е зголемување за 1% во однос на 2011 година, стои во Годишниот извештај на Агенцијата за електронски комуникации.
Според бројот на многу богати луѓе во анализата што ја изработи World Ultra Wealth Report (WUWR), Македонија има 35 мултимилионери, со што се најде при дното на европската листа, односно од вкупно 45 европски држави, на 42-то место.
Косовската влада донесе одлука камионите кои од Македонија превезуваат стока на Косово во иднина да плаќаат по 100 евра такса за влез во соседната држава, при тоа наведувајќи дека се работи за рециприоцитетна мерка.
Од следната недела на македонскиот пазар компанијата Дукат ќе понуди нов производ - единствено трајно млеко, произведено од одбрани фарми кои се сертифицирани за органско производство на млеко, според правилата на ЕУ.
Најголемата стопанска комора на Малезија пред своите членови ги промовираше условите и можностите за инвестирање и развој на трговските односи со Македонија.
Oпштина Охрид почна да ја подготвува брошурата насловена Инвестирајте во Охрид, преку Секторот за туризам и локален економски развој согласно новата програма за 2013 година.
Телекомуникацискиот оператор Вип на своите корисниците во пресрет на летните одмори, им понуди две нови поволни опции за разговори во роаминг.
Во јунскиот полугодишен извештај Светската банка (СБ) ја крена прогнозата за раст на македонската економија од 1,0% на 1,4%, колку што прогнозираше во претходниот извештај.
Владата на Република Македонија утре ќе распише оглас за самовработување со кредитирање на кој ќе може да аплицираат невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување.
На плоштадот во Гевгелија вчера се одржа Саемот на храна и вино. Манифестацијата беше завршен дел од проектот што заеднички го реализираа општините Гевгелија и Пеонија од Грција во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка.
Вината Вранец и Жилавка отсега ќе можат да се најдат во 15 маркети од ланецот Binny’s Beverage, кои се лоцирани во градот Чикаго и околината.
Во организација на Едукативниот и развоен центар на Сивус, вчера започна четиринеделната летна школа за дизајн и кодирање, под називот SEDC Summer Kingdom.
Системот за издавање на е-потврди кој е воведен е согласно мерките предвидени во четвртата фаза на Регулаторна гилотина, започна да функционира во мај годинава.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите кои во април биле регистрирани во Македонија изнесува 42.380, што е за 4,1% повеќе во однос на истиот месец лани.
Млечнаta компанија Здравје Радово соопшти дека во првите пет месеци од годинава произвеле над 1.500.000 производи од познатото Кисело Млеко, со што ги надминале резултатите остварени во истиот период од изминатите 11 години.