Просечната цена на еден метар квадратен површина станбена површина во 2014 година беше 46.505 денари, што е за 0,7% помалку во однос на 2013 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Цените на Еуросупер БС - 95 и Еуросупер БС - 98 се зголемуваат за 2,5 денари за литар, додека дизел горивото ќе се продава по цена повисока за половина денар.
Владата на Јапонија ќе додели грант од 259.998 евра за поддршка на четири проекти во македонските општини Центар Жупа, Демир Хисар и Велес и за Универзитетската клиника за радиологија во Скопје.
За Македонците Витаминка, Опел, Милка, Бимилк, Нивеа или Нестле се најдобри примери и типични претставници на најдобар однос помеѓу цената и квалитетот на македонскиот пазар.
Бимилк пушти во продажба Битолски јогурт со посебен дизајн на пакувањето, со чие купување потрошувачите ќе имаат можност да донираат дел од цената на производот за превенција од ракот на дојката.
Општина Тетово вчера потпиша меморандум за соработка со кој донираше 6.000 долари на Фондот за поддршка на жени и млади претприемачи.
Министерството за транспорт и врски распиша објави за продажба на 28 парцели со градежно неизградено земјиште за повеќе намени, лоцирани во Орешани, во Градско, Дебарца, Дојран и Ѓорче Петров.
На крајот на февруари вкупните девизни резерви беа на ниво од 2.330.700.000 евра, што во споредба со претходниот месец е намалување за 153.000.000 евра.
Можност за учество во Проектот имаат сопствениците/менаџерите на микро и мали претпријатија, кои вработуваат до 50 вработени, имаат потенцијал за раст, извоз и можности за креирање на нови работни места.
Фабриката за чоколади, вафли и бонбони Европа евидентираше добивка од 17.498.000 денари на крајот на 2014 година, покажува билансот на успех, објавен на Македонска берза.
Компанијата Фершпед оствари добивка во висина од 16.556.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Индустриското производство во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 1,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Претставниците на бизнис идеите имаа можност во 2 минутна презентација да ја претстават својата идеја пред бизнис ангелите, а потоа следуваше сесија на прашања и одговори од пет минути.
Во јануари оваа година се издадени 236 одобренија за градење, што е за 68,6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Македонската берза на хартии од вредност забележа скок од 91,56% на вкупниот промет во февруари, што беше на ниво од 245.810.832 денари.
Компанијата Жито Скопје прикажа загуба во висина од 15.416.000 денари во 2014 година, покажуваат податоците на билансот на успех, објавен на Македонска берза.
Работилница на тема Енергетска ефикасност во рамки на Платформата за енергетска ефикасност се одржува денеска во Скопје.
Понудената парцела со површина од 1.079 метри квадратни се наоѓа спроти паркот Шопен и на неа може да се подигне објект со бруто развиена површина од 4.945 метри квадратни и максимална висина од 21 метри.
Цените на угостителските услуги во февруари оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 2.813.000, во железничкиот превоз 222.000, во градско - приградскиот превоз 22.919.000, додека во воздухопловниот 289.175.
Во четвртото тримесечје од 2014 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за четвртото тримесечје од 2013 година, се повисоки за 0,8%.
Вредноста на Стоби флипс е измерена во неколку категории, како: препознатливоста на брендот, лојалноста на купувачите, перцепираниот квалитет и асоцијациите врзани за брендот.
Трговскиот дефицит во јануари оваа година изнесува 86.664.000 долари, покажуваат податоците на Државиот завод за статистика.
Вкупната инвестиција на компанијата е 500.000 евра, со што се овозможуваат 15 стартни вработувања, кои ќе се зголемуваат во наредниот период.