Новости

Според финансиската анализа за работата на државните претпријатија во период од 2015 до 2019 година, 30 - те најголеми претпријатија основани од државата и локалната самоуправа оствариле вкупен приход од 45 милијарди денари. Просечната стапка на профитабилност за анализираните пет години изнесува 6%, а за 2019 година профитабилноста покажува...
Оперативниот план за 2021 година е проектиран во износ од над две милијарди денари.
Вештачко срце со батерија чини 180.000 долари, а како што вели производителот, дизајнирано е така што со години може да го замени вистинското човечко срце.
Согласно постојниот закон општините на чија територија се врши концесиската дејност добиваат 78% од надоместокот, а само 22% оди во државниот буџет, но со овој предлог-закон општините ќе бидат обврзани овие средства да ги користат исклучиво за општествени или комунални дејности.
Во текот на минатата година, просечната цена на една акција на Реплек беше 85.883,70 денари.
Предлогот на Комисијата треба да го одобрат земјите членки и Европскиот парламент.
Crocs ја зголеми прогнозата за четвртиот квартал и за цела 2021-ва година.
Lada минува низ масивна трансформација под водство на Renault групацијата, најавувајќи четири целосно нови модели до 2025 година.
Прометот во индустријата, во ноември оваа година, е за 12,6% понизок во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,5% и Капитални...
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2020 година е зголемен за 0,2 процентни поени во однос на ноември 2020 година и изнесува 13,7.
Бројот на туристите во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, е намален за 66,6%, а бројот на ноќевањата е намален за 64,5%.
Нема да се даваат субвенции за да се поттикнат компаниите да ги зголемат платите, туку преку посебна програма за развој на вештини и продуктивност, ќе се поттикне здрав раст на платите.
Туристичкиот сектор новите податоци ги толкува како “доверба во вакцината“ и се чини дека конечно луѓето станаа оптимисти иако пандемијата е присутна во Велика Британија.
Заев информира и за проектот Чебрен, вреден меѓу 600 и 800 милиони евра, кој по 11 години, неуспешни обиди, веќе е во следна фаза, откако на јавниот повик за пројавување интерес пристигнаа повеќе понуди од кои 10 се од џиновски компании од Европа и Кина.
Во текот на минатата година, со овие акции се направени 315 трансакции и вкупен промет од 34.056.790 денари.
Меѓу земјите членки на Европската унија, најголем раст на цените на недвижнините од 13,6% има во Луксембург, а потоа следат: Полска (10,9%) и Австрија (8,9%).
Одборот на директори на Берзата донесе заклучок за внесување на издавачот Скопски пазар АД Скопје на Листата за набљудување.
Унгарија планира да ги ослободи младите под 25 години од плаќање персонален данок на доход најдоцна до јануари 2022 година.
оради ремонтни активности Ротирна печка 4 не работи од 10.01.2021. Се очекува печката да не работи до втората недела од февруари 2021 година
Градежната офанзива ѝ пркоси на пандемијата, па и во такви услови не запираат мешалките за бетон, крановите, цементот, малтерот, арматурите, градежните работници...
Годинава се очекува закрепнување на инвестициската активност, потрошувачката и нето-странската побарувачка, при што е проектиран раст од 4,1% во 2021 година, согласно основното сценарио. 
Просечната цена на Брент нафта во текот на оваа и следната година ќе биде 53 долари за барел
Според гувернерката, суштински се менува е однесувањето на домаќинствата и бизнисите, а воедно постои и потенцијално забавување на процесот на глобализација, како и забрзување на дигитализацијата на економиите.
Минатогодишниот пад на германскиот БДП предизвикан од пандемијата, кој прекина една деценија од нејзиниот раст, е помал од оној забележан за време на глобалната финансиска криза во 2009 година, кога најголемата европска економија потона за 5,7 %.