Новости

Европската комисија тврди дека со забраната за служење на маслиново масло во бокалчиња и во мали садови за макање, ќе се заштитат потрошувачите, ќе се подобри хигиената, но ќе се заштитат и произведувачите на маслиново масло.
Со свеченото поставување на камен темелник викедов почна изградбата на паркот на ветерни електрани Богданци којшто е предвидено да почне да произведува електрична енергија во последниот квартал од годината.
Ова е првиот крупен чекор на Мариса Мајер како извршен директор на Yahoo. Таа се одлучи да купи социјална мрежа со помлада публика што Yahoo очајнички ја посакуваше во последните неколку години.
Сите 236 вработени во McDonalds рестораните во Македонија ќе останат на своите работни места.
Словенечката централна банка и ја одзеде лиценцата за извршување на платежни услуги на компанијата Diners Club Словенија, пишува Дело.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски денес објави дека распределбата на квотите за испраќање работници во други држави за изведување градежни работи отсега ќе се врши по електронски пат.
Министерот за странски инвестиции, Бил Павлески вчера се обрати пред членовите на Француско-македонскиот форум при што ги презентираше предностите и погодностите на Македонија за странски вложувања.
Корисниците немаат потреба да купуваат посебен уред за прием на дигитален телевизиски сигнал или пак нов телевизор со вграден дигитален приемник, бидејќи медиа приемникот е вклучен во новата МаxTV услуга.
Корисниците на gmail отсега ќе можат да прикачат пари во електронска порака, исто како што прикачуваат фотографија или документ, информираат од Google.
Турскиот аеродромски оператор ТАВ изјави дека и официјално ја презема изградбата и дизајнот на терминалот на меѓународниот аеродром Крал Калед во Ријад, Саудиска Арабија.
Најголемите илјада компании во Хрватска минатата година оствариле 56,5 милијарди евра приход, што е за 0,9% помалку отколку во 2011 година, а добивката на компаниите се намалила за 16,4%, на 2,3 милијарди евра.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број на говеда во Македонија во минатата година, во споредба со 2011 е намален за 5,3%.
По прелиминарната проценка, деловниот резултат на Групацијата Триглав во првиот квартал од оваа година пред оданочување изнесуваше 28,5 милиони евра, додека пак нето деловниот резултат изнесуваше 22,9 милиони евра, односно 30% повеќе од лани.
Винер Лајф осигурување подготви интересно изненадување за дечињата од домот за деца без родители 11 Октомври. Во заедничка соработка со познатиот уметник Милан Андов успеа да го разубави нивното место на живеење, преку интересни фотографии на ѕидовите во домот.
Во фабриките една смена обично трае од 10 до 12 часа, а просечната плата во оваа индустрија е околу 38 долари месечно, иако повеќето добиваат само по 19 – 26 долари.
Јазот меѓу богатите и сиромашните е најголем во САД, Турција, Мексико и Чиле, а Ирска, Словенија, Норвешка и Данска се најизедначени општества.
Повеќе бесплатни минути кон сите мрежи и бесплатен 3G интернет со новата промоција во мобилен пост-пејд од Оne.
Вкупната пазарна вредност на Тојота изнесува 167 милијарди евра, надминувајќи го гигантот - производител на Galaxy и на таблети, чија вредност е 154 милијарди евра.
Министерството за економија даде под концесија 50 локации за геолошки истражувања, што претставува најголемиот пакет на концесии издаден досега.
Во Сараево вчера беше отворен Халал саемот и форум SAHAF 2013, кој ќе трае до утре, 17 мај. На овој саем присуствува и Макпрогрес, една од првите компании во Македонија што го имплементираше Халал сертификатот.
Во соработка со американската амбасада во Македонија и македонските Work & Travel агенции, SWT Алумни ќе го организираат првиот SWT Kick Оff пикник на 19-ти мај (недела) од 11:30 до 15:30 часот на стадионот на АРМ во градскиот парк во Скопје.
Во текот на оваа недела преку специјални промоции на повеќе локации во Скопје, турската групација го најавува отворањето на центарот преку можност за добивање на прв бесплатен третман.
Зеленото шише кое претставува меѓународно обележје на одлично пиво е една од новините кај новиот Златен Даб. На неа се додаваат транспарентната етикета, новото шише кое е лесно за држење во рака, а со новото капаче “pull off” пивото лесно се отвора.
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) одлучи максималната каматна стапка на благајничките записи да се задржи на нивото од 3,5%, земајќи ги предвид најновите макроекономски и финансиски показатели.