Новости

Француската компанија Рено до 2020 година планира да инвестира околу 500 милиони евра во веќе постоечкото производство во Москва. Средствата ќе бидат употребени за автоматизација и роботизација на производниот процес, што со време ќе придонесе за зголемување на производството.
Еден од главните проблеми на македонскиот аграр и понатаму е фрагментацијата на земјоделското земјиште. Ситните парцели ги намалуваат продуктивноста и ефикасноста, а ги зголемуваат трошоците што се одразува врз крајните приходи на производителите, како и на конкурентноста.
Од денес, па се до среда (24 април), студентите ќе имаат можност да им пристапат на компаниите учеснички кои ќе се презентираат на штандовите поставени во просториите на техничките факултети во Карпош II.
Најчесто се работи за “функционална” грешка на некој производ, односно произведувачите прават различни апарати и уреди, како бела техника, на начин на кој доколку се расипе еден дел, престанува да работи целиот апарат.
Вкупно 14 тимови со сопствен супервајзор од Макпрогрес, Колид С, Пекабеско, Рептил, Каприлат, Атлантик група, Даути Комерц, Унивел, Нимекс, Офис Плус, Алфи Би Компани, Жито Маркети, Лакшми и Крашкомерц ќе се борат за титулата Најдобри мерчендајзери.
Германската авиокомпанија Луфтханза откажа 1.700 летови предвидени за денес поради штрај на вработените кои бараат повисоки плати. Летовите се главно на германски и европски дестинации.
Со последните активности на Министерството за труд и социјална политика и Управата за јавни приходи, бројот на пријавени работници со скратено работно време значително опадна, изјавија првите луѓе на овие институции, Спиро Ристовски и Горан Трајковски.
Петте партнер проекти се: T-Care (виртуелна средина базирана на вештачка интелигенција), МаркетКонект (веб платформа за онлајн трговија), Smart Wine (M2M cloud решение за интелигентно следење на земјоделските параметри), CollaboDox (систем за соработка меѓу различни платформи) и Cloud Message (систем за мобилно споделување пораки и рекламирање).
Уште една иновација на македонскиот пазар од Пивара АД Скопје - Новото модерно пакување на Скопско Radler сега има ring pull капаче за лесно отворање.
Владата ќе поддржи нови 1.800 вработувања на млади лица од социјално ранливи семејства. Огласите ќе почнат да се објавуваат од наредниот месец на секои два месеца, а вработувањата ќе се реализираат кај работодавачи кои ќе поднесат барање до Агенцијата за вработување.
Швајцарската народна партија собра доволен број на потписи за распишување на референдум на кој би се барало забрана за продажба на златните резерви од страна на централната банка.
Германскиот произведувач на спортска опрема Пума го именува Бјорн Гулден за нов извршен директор. Четириесет и седум годишниот Гулден, на 1 јули ќе го замени Франц Кох, кој ја напушти компанијата во март.
Досега во Македонска берза се пристигнати неколку барања за задолжителната котација. Крајниот рок за доставување на барањата на компаниите е 30 април, а се очекува најголемиот дел да пристигнат во последните денови.
Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Русија врати 18 тони јагоди произведени во Турција, откако инспекцијата откри ситни инсекти на овошјето.
Од Винарската визба Тиквеш вчера соопштија дека грозјето од бербата 2012 година е исплатено, а меѓу откупените сорти доминирале сортите вранец, смедеревка, шардоне, ризлинг, мерло, каберне совињон.
Американската даночна управа наскоро би можела да ги “консултира” Фејсбук и Твитер профилите на своите даночни обврзници во потрага по нивните финансиски активности.
Владата ја усвои Информацијата за продолжување на рокот по Јавниот повик за продажба на акциите на Република Македонија во друштвото 11 Октомври Еурокомпозит АД, Прилеп.
Најголемата турска телеком компанија, Турк Телеком, даде понуди за купување на бугарските Космо мобајл (Глобул) и Германос Телеком Бугарија.
На само 700 метри од центарот на Тетово, на една од најзначајните и најфреквентните локации, помеѓу два главни булевари, привршува изградбата на современиот повеќенаменски комплекс РЕМ.
Претставници на Дирекцијата на Технолошко индустриските развојни зони ги претставија можностите за инвестирање во Македонија на Светскиот конгрес за автомобилска индустрија САЕ 2013, кој се одржуваше во Детроит, САД, од 16 април до денес
Операторот Оne во соработка со Советот за радиодифузија, а во рамките на проектот - едукација на населението за процесот на дигитализација, започна караван кој има за цел да ги посети поголемите македонски градови и да го информира и едуцира населението за претстојниот процес на дигитализација.
Освен за докапитализација на националниот авиопревозник Кроација ерлајнс, хрватската влада размислува и за приватизација. Но, најважно е планот за реструктуирање да се спроведе до крај, изјави министерот за море, сообраќај и инфраструктура, Синиша Хајдаш Дончиќ.
Комисијата за хартии од вредност на Р. Македонија соопшти дека Градежен институт Македонија АД Скопје стана доминантен акционер во фабриката Карпош АД Скопје, а брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје доби дозвола да дејствува и како покровител при котација.
Полицијата во Санкт Петербург ги претресе куќата и канцеларијата на Павел Дуров, 28-годишен основач на најпопуларната руска социјална мрежа ВКонтакте.