Новости

Листата на хрватски Форбс за оваа година се состои од 50 претприемачи кои заедно располагаат со богатство од 1,69 милијарди евра и во однос на лани, кога имаа 1,52 милијарди евра, побогати се за 170 милиони евра.
Турскиот млекопреработувач Суташ го презеде вториот чекор за ширење на Балканот и купи фабрика во Романија, која веројатно ќе ја употреби како регионална база за влез на европскиот пазар.
Porsche Macedonia стартуваше со награден квиз на социјалната мрежа Facebook. Квизот се состои од 20 едукативни прашања и помошни линкови за одговор на истите.
Германските антимонополски власти покренаа истрага против неколку пивари поради наводно договорено местење на цените на пивото.
Од денес на Скопски саем започнува Меѓународниот саем за мебел и ќе трае се до 31 март. Оваа година ќе се претстават 160 изложувачи од земјава и странство, а се очекува и зголемен број посетители.
Кризата во Кипар, по се изгледа е стара вест, новата земја за која треба да се грижиме е Словенија. Ова е заклучокот на весникот Вашингтон пост за новата економска опасност која се наоѓа меѓу Италија, Австрија, Унгарија и Хрватска.
Раководителите на фирмите во анкетата на Државниот завод за статистика оценија дека економската состојба на фирмите од преработувачката индустрија е поповолна во февруари во однос на јануари годинава, а понеповолна споредено со февруари 2012.
Во следните три години малите и средни претпријатија од Македонија, кои се занимаваат со индустриско производство, ќе бидат таргет на УСАИД проектот за помала потрошувачка на енергија и намалување на емисијата на стакленички гасови.
Владата на Саудиска Арабија се закани дека ќе ги блокира апликациите за праќање пораки, како Skype, WhatsApp и Viber поради неможноста да се контролираат.
Во рамките на самитот директорот на агенцијата оствари средби со претседателот и потпретседателот на Малезиската стопанска комора, каде беше договорено делегација на малезиски стопанственици годинава да ја посетат Македонија со цел запознавање на условите за инвестирање и соработка со македонските компании.
Авиокомпанијата БХ Ерлајнс наскоро ќе се гаси, дознава Дневни аваз од извори блиски на Владата на Федерацијата БиХ. Причина за ваквата одлука е неисплатливоста на понатамошното финансирање на компанијата.
До сега нема инвеститор кој официјално и се обратил на Владата со најава дека сака да биде стратешки партнер за Телекомот.
На саемот за вино ProWein во Дизелдорф, Германија ќе учествуваат и девет винарии од Македонија.
Со постигнатиот договор се предвидува затворање на втората најголема кипарска банка Лаики, а депозитите помали од 100.000 евра ќе бидат пренесени во Банката на Кипар и би се создала т.н. “добра банка”
Во првиот квартал од 2013 година, млекарата Здравје Радово оствари раст на откупот на сурово млеко за 30% во однос на истиот период минатата година.
Министерството за финансии денеска исплати вкупно 144,4 милиони денари субвенции на 10.681 земјоделец за поддршка на сточарството, лозарството, производство на градинарски култури, на житни култури и производство на тутун и премии за помош за осигурување.
По повод светскиот ден посветен на лицата со Даунов синдром, компанијата Тинекс во рамките на платформата Тинекс, ти и јас реши да донира финансиски средства на Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром – Трисомија 21 од Скопје.
На хрватски Агрокор во сопственост на Ивица Тодориќ, во трката за преземање 53% удели на најголемиот словенечки ланец Меркатор му се придружи и фондот на полскиот бизнисмен Мариуш Свиталски.
Градежниот институт Македонија АД Скопје доби дозвола од Комисијата за хартии од вредност да ги откупи сите акции на Фабриката Карпош АД Скопје.
Владата со измените на законот не пропишува колкави ќе бидат тие бонуси, туку дека висината и динамиката на нивната исплата ќе се дефинираат со подзаконски акти, односно со одлука на Хрватската народна банка.
Во Прилеп во населбата Точила вчера беше поставен камен-темелник на нова зграда со 76 социјални станови.
Свесни за придобивките и значењето на првата кооператива за млеко Милкооп, повеќе од 15-тина фарми производители на млеко, од неколку реони низ Македонија и официјално се приклучија кон овој систем, станувајќи воедно и партнери и основачи на оваа кооператива за млеко.
Ѕвезда на саемот е најскапиот експонат, жолтиот кабриолет на Мекларен, кој е изработен само во 900 примероци и основната верзија чини 230.000 евра. Се прави по нарачка, рачно, а од моментот на нарачување до испорака се чека околу шест месеци.
Скопска пивара започна со производство на Coca-Cola Zero, со што Македонија им се придружува на повеќе од 100-те земји ширум светот каде овој пијалок е достапен.