Добивката на Триглав Група пред оданочувањето во 2012 година, според прелиминарните проценки изнесува 89,7 милиони евра, а чистата добивка 73,2 милиони евра.
Нафтена индустрија Србија (НИС) најави дека од денеска презема 28 бензински станици на OMV во Босна и Херцеговина, откако надлежната институција за заштита на конкуренцијата го одобри договорот меѓу НИС и OMV БХ.
Вартекс од Вараждин повеќе не е ексклузивен дистрибутер на Levi’s производите на компанијата Levi Strauss Европа за Хрватска и земјите од регионот.
Словенечкиот произведувач на апарати за домаќинството Горење објави дека на приватниот инвестициски фонд CoBe Capital им ги продал своите фирми Горење кујни и Горење внатрешна опрема и на тој начин излегува од сегментот за производство на мебел.
Бугарскиот парламент го затвори случајот нуклеарна централа Белене. По четиричасовна жестока дебата, пратениците изгласаа стоп за проектот Белене.
При трансакции доаѓало до грешки, забележани се многу проблеми со почитувањето на правилата за јавни набавки, а за финансирање на истражувачките проекти нема вистинска контрола, ниту побараните средства секогаш можат да се оправдаат.
Според неофицијалните информации, во конзорциумот би можеле да влезат седум компании: Виадукт, Техника, Хидроелектра-Нискоградња, Загреб-Монтажа, Далековод, Билфингер Ѓуро Ѓаковиќ Монтажа и Загорје Технобетон.
Хрватска и Србија ќе им предложат на своите соседи да номинираат една лабораторија од Европската унија која ќе биде одредена како референтна установа за анализа на млекото.
Вкупниот долг на потрошувачите на електрична енергија на Електростопанство Црна Гора (ЕПЦГ) изнесува околу 185 милиони евра. Најголем дел од долгот, преку 130 милиони евра или 70% се однесува на граѓаните, а остатокот од 60 милиони на компаниите.
Планот е да се основа нова компанија Adria Retail, во која ќе бидат преместени сите трговски бизниси на Агрокор.Компанијата по три до пет години ќе се листа и на берзата, со што ќе се долее нов капитал, но и ќе се дисперзира сопственоста.
Јат ервејз во текот на претстојната летна сезона ќе го зголеми бројот на летови кон регионот, но и кон останатите европски дестинации, најави директорот на продажба, Ѓорѓе Вукотиќ.
Хрватскиот производител на млеко и млечни производи Дукат, привремено го стопираше откупот на свежо сурово млеко од 180 фарми во источна Хрватска, поради зголеменото ниво на афлатоксин, се вели во хрватските медиуми.
Туристичките работници од југот на Хрватска предвидуваат дека поради воведувањето на визи можат да изгубат од 5% до 20% посетители од Турција и Русија, кои се познати како добри потрошувачи.
Работникот во Босна и Херцеговина мора да потроши преку 80% од парите што ги заработува за храна, додека во Европската унија е доволно 15% од платата за да се купи храна за цел месец.
Србија, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора потврдиле дека ќе го потпишат договорот, а идејата е останатите земји од регионот истото да го сторат подоцна.
Хрватската фармацевтска компанија Белупо пратила писмо со намери за преземање на српската Галеника. За Галеника, освен Белупо, заинтересирани се уште три компании, Valeant Канада, Batterjee Pharma од Саудиска Арабија и SCS International Сад.
Amnesty International Хрватска престанува со работа во оваа земја. Ова го соопшти директорката на АИ Хрватска, Сања Фрајбергер, која им се заблагодари на сите коишто финансиски, но и со друга поддршка придонеле за промовирање и заштита на човековите права ширум светот.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека денес неговата Влада ќе поднесе оставка поради протестите во државата предизвикани од зголемените цени на електричната енергија и мерките за штедење.
Во Хрватска наскоро би можело да дојде до едно од најважните преземања во последните 10 години. Норвешки Теленор, преку својата компанија во Србија, Теленор Србија, сака да го преземе Теле2, во сопственост на истоимената шведска компанија.
Според табелата, анализирани се примероци млеко од произведувачите Мегле од Крагуевац, Дана – Врбас, Сомболед – Сомбор, Имлек – Белград, Нишка млекара, Суботичка млекара, Сирела – Маглиќ, Млечна индустрија Стапар и Шабачка млекара.
Италија е на самиот врв на надворешнотрговски партнери и инвеститори во Србија, но има многу можности за унапредување на економската соработка, како што е заеднички настап на трети пазари надвор од Европската унија.
Невработеноста во Словенија во декември пораснала на 13% од 12,2% во ноември, покажуваат податоците што ги објави националната канцеларија за статистика.
Бугарскиот министер за финансии Симеон Ѓанков денеска поднесе оставка од функцијата, по масовните демонстрации против поскапувањето на струјата во кои учествуваа десетици илјади граѓани.
Турција минатата година заработила 306 милиони долари од продажба на “непопуларни” производи кои не се консумираат на широко во земјата, според податоците на Министерството за шумарство и водостопанство.