Ѕвезда на саемот е најскапиот експонат, жолтиот кабриолет на Мекларен, кој е изработен само во 900 примероци и основната верзија чини 230.000 евра. Се прави по нарачка, рачно, а од моментот на нарачување до испорака се чека околу шест месеци.
Словенечкото осигурително друштво Триглав ги почна првите разговори за купување на удел во Сараево осигурување, пишува Дело повикувајќи се на неофицијални извори.
На црногорските произведувачи на месо им е одобрен извоз на месо и месни производи на пазарите на Русија, Белорусија и Казахстан, соопшти црногорското Министерство за земјоделие и рурален развој.
Хрватската компанија Дукат, членка на Лакталис Група, извести дека има намера да објави понуда за преземање на Љубљанске млекарне, најголемиот преработувач на млеко во Словенија.
Словенечката централна банка има подготвено проект на можна докапитализација на трите најголеми словенечки банки кој би се одвивал паралелено со програмата за помош и реструктуирање на 30 претпријатија со 30.000 вработени.
Новата најсовремена фабрика за чоколади и бонбони ќе се простира на 23.000 метри квадратни, а во неа ќе се произведуваат разни производи во согласност со пазарните трендови и барања на Европската унија.
Српскиот министер за земјоделство Горан Кнежевиќ призна дел од одговорноста за аферата со афлатоксинот во млекото. Потпретседателот на владата Расим Љајиќ соопшти дека штетата е проценета меѓу 100 и 125 милиони евра.
Според анкетата за потрошувачката во домаќинствата, граѓаните на Хрватска, поради штедење или други причини, во просек буквално помалку јадат. И Бугарите трошат само за најпотребното и се воздржуваат од купување облека и бела техника.
“Да вработуваме наши” е проект претставен во февруари, со цел да придонесе за поголема информираност и мотивација на невработените и работодавачите, за поголемо вработување на домашна работна сила во однос на странците.
Поради добрата продажба на моделот 500L на Фиат, во фабриката во Крагуевац одлучија да воведат и трета смена. Со тоа на веќе постоечките 2.600 работници ќе им се придружат нови 800.
Поради неисполнување на неопходните услови, Босна и Херцеговина би можела да остане без 7,5 милиони евра колку што планира да и даде ЕУ како дополнителна поддршка за да се спроведе попис на населението.
Хрватска е подготвена да им прости преку 900 милиони евра на должниците, физички лица, кои не платиле 1,8 милијарди евра данок, придонеси и останати јавни давачки. Нивните долгови државата ќе ги преполови со бришење на каматите.
На Копаоник се зборувало дека приватни инвеститори се заинтересирани на аеродромот Никола Тесла да направат голем карго терминал, кој би имал општа намена. Пред се, би служел за превоз на овошје и зеленчук произведени во земјоделските комбинати во Војводина.
Одлуката за затворање на дипломатското претставништво во Техеран е донесена поради финансиските и економски прилики во Словенија кои бараат значително намалување на трошоците на дипломатската мрежа.
Јужноафриканската Република, Јужна Кореја и Мексико се само некои од пазарите на кои веќе од втората половина на оваа година би можело да дојде до продор на хрватската стока. Тоа ќе биде последица на влегувањето на Хрватска во ЕУ.
Словенечката компанија Пивоварна Лашко огласи дека ги продава недвижнините што ги поседува во Словенија и Хрватска. Станува збор за една куќа во Словенија и пет апартмани во Хрватска.
На регионалната конференција на тема Агробизнис, на Атлантик Група и беше доделена престижната Бренд лидер награда - за покажаната бизнис извонредност и севкупен придонес кон зголемената конкурентност во регионот и Југоисточна Европа.
Панасоник нема да го докапитализира Горење, но планира соработка на партнерско – производни основи.
Хрватска и Словенија постигнаа договор за решавање на спорот околу Љубљанска банка, со што е отстранета и последната пречка за влез на Хрватска како полноправна членка на Европската унија на 1 јули.
Во Црна Гора, според податоците на Централната банка, на крајот на февруари се блокирани сметките на 12.390 претпријатија и бизнисмени. Вкупниот износ на долгот врз основа на кој се блокирани сметките е околу 414,27 милиони евра.
Ако се оствари планот на министерот за финансии Славко Линиќ, менаџерите на хрватските банки во иднина нема да можат да делат бонуси повисоки од една четвртина од вкупните примања, пишува Јутарњи лист.
Во мај во Врање ќе почне изградба на фабрика на италијанската компанија Geox што ќе биде најголема инвестиција досега во овој град. Во фабриката ќе бидат вложени 15 милиони евра.
Раст на приходите од продажбата е забележан со сите стратегиски сегменти на деловно работење. Притоа најголем раст од 8,9% има сегментот на кафиња, производите за нега и здравје имаат раст од 7,8%, додека деликатесните намази 7,6%.
Поради останување на пазарот во земјите од ЦЕФТА по влегувањето на Хрватска во Европската унија, интерес за инвестирање во Босна и Херцеговина, освен компанијата Гавриловиќ, покажаа Подравка, Дукат и уште неколку хрватски компании.










