Укинување на платените дневни паузи, траење на отказен рок за време на боледување, намалување на отпремнините. Ова се предлозите што на маса ги ставија хрватските работодавачи, со цел да се олеснат условите за работа и да станат поконкурентни.
Бугарија во март ќе започне тримесечна рекламна кампања со која ќе се претстави како добра дестинација за инвестиции. Бугарија закупила рекламен простор во The Economist, Financial Times, Businessweek и The Wall Street Journal, вклучувајќи ги онлајн верзиите на весниците.
Српското здружение на банкарски клиенти Ефектива, до Првиот основен суд во Белград поднесе тужба против три банки, со која се бара заштита на колективните интереси на банкарските клиенти.
Хрватска на 1 јули ќе влезе во ЕУ како четврта најсиромашна земја во Унијата. Посиромашни од Хрватска се само Бугарија, Романија и Латвија.
Во млекото на хрватските компании Дукат и Виндија, коешто се продава во продавниците во Црна Гора, не е пронајдено зголемено присуство на афлатоксинот М1, соопшти Управата за инспекциска контрола во Подгорица.
Хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ најави дека градежната компанија Конструктор оди под стечај, а одговорноста за тоа ја адресираше на сопственикот и менаџментот на фирмата.
Стапката на невработеност во Босна и Херцеговина достигна рекордно ниво и според последните достапни статистички показатели изнесува дури 44,4%, објави Агенцијата за труд и вработување на БиХ.
Патарините би можеле да поскапат за 20%.
Банка на Словенија се уште официјално не ги објавила податоците, но судејќи според декемвриските отписи, минатогодишната загуба на словенечкиот банкарски сектор досегна рекордни 600 до 650 милиони евра, пишува словенечки Финанце.
Во Босна и Херцеговина се подготвува приватизација на БХ Телеком и на двете електростопанства. Акциите на овие три компании што се во мнозинска сопственост на државата, според планот би требало да се продаваат на берза.
Ford B-MAX е изгласан за AUTOBEST 2013 на 12 по ред гала случување на реномираните AUTOBEST награди, што се одржа пред осум дена во главниот град на Грција.
По информациите дека во млекото на хрватските млекопроизведувачи Дукат и Виндија се пронајдени опасни канцерогени материи, во неколку земји од регионот овие производи се повлечени од пазарот.
Право на извоз во Руската Федерација остварија два објекти на Виндија и по еден на ПИК Врбовец, Беље, Кока и Перутнина Птуј – Пипо.
Бугарските приватни образовни институции, од областа на училишно и предучилишно образование, од училишната 2016/2017 година ќе можат да сметаат на државно суфинансирање, одлучи бугарското Собрание.
Словенечката влада е подготвена без ограничувања да ги продава државните удели во повеќе компании, од кои инвеститорите би можеле да бидат заинтересирани за фармацевтската компанија Крка, осигурителната Позаваровалница Сава и претпријатието за управување со автопатишта ДАРС.
Владата на Република Македонија во иднина нема да донесува уредби со кои ќе биде ограничен или забранет увозот на брашно од Србија.
Кроација ерлајнс до крајот на годината мора да вложи 52,7 милиони евра во програмата за реструктуирање на компанијата или ќе се соочи со банкрот, изјави хрватскиот министер за сообраќај Синиша Хајдаш Дончиќ.
Продажбата на нови автомобили во Србија никогаш не била толку слаба како сега. Салоните стојат празни, а некои и се затвораат. Во јануари се продадени само 800 нови возила, за разлика од минатата година, кога во првиот месец се продадени 1.573 автомобили.
Во анализата на агенцијата, која опфатила пакети што се наоѓаат во понудите на црногорските оператори, заклучено е дека во повеќето случаи, операторите во Црна Гора имаат најниски цени за СМС пораки.
Новото државно претпријатие би било клучно тело за технички и стручен надзор над концесионерите за експлоатација на нафта и гас.
Грчкиот фонд за приватизација објави дека по 15 години пауза склучи меѓународен договор за давање под концесија земјиште на островот Крф што е во сопственост на државата.
Агенцијата Moody’s и го намали кредитниот рејтинг на Хрватска на Ба1, а како причина за тоа ги наведува слабите шанси за економски раст и недостаток на фискална флексибилност на владата.
Градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ планира во најстрогиот центар на Белград да отвори хотел од висока категорија, пишува на интернет страната на Канцеларијата за соработка со дијаспората и Србите во регионот.
Србија во надворешно-трговската размена на земјоделско-прехранбени производи во 2012 година забележала суфицит од 1,24 милијарди долари, што е 3,5% помалку од претходната година, објави Стопанската комора на Србија (ПКС).