Во зависност од потребите, корисниците може да си нарачаат 6, 9, 12 или пакет со 15 мини уреди, а заедно со нарачката доаѓаат и садови за чување на храна.
Продажбата на последните 15,8 милиони акции, ќе му донесе на Blackstone 1,3 милијарди долари заработка, или вкупно досега 14 милијарди долари, со што оваа американска групација буквално тројно ја зголеми својата првична инвестиција.
Врз основа на објавените податоци во април, ММФ ги рангира земјите во светот според нивниот БДП врз основа на паритет на куповната моќ по глава на жител, што значи во предвид се земаат релативните трошоци за живот и стапките на инфлација на земјите за да се спореди животниот стандард помеѓу различнит нации.
Уредот ќе се продава за 99 долари, а во продажба ќе се пушти, подоцна оваа година.
Уште минатата година е забележан пад на светското производство на кафе, поради намаленото производство во Бразил.
Направен од различни природни состојки, вклучувајки: палмино масло, чајно дрво рициново масло, итн.
Како застапник за заштита на животната средина, Чуан го создала MusicCloth за да ја подигне свеста за рециклирање и глобалниот проблем на е-отпадот.
OneSpace сака да ги користи своите ракети за да им помогне на компаниите да лансираат мали сателити за голем број на намени, вклучувајќи го и поодбрувањето на пристапот до интернет на авиони и возови.
Уредот може да се користи и за пронаоѓање на патот назад, а ќе издава и предупредување доколку детето-корисник ја напушти предодредента безбедносна зона.
Милијардерот Сорос и претходно поседувал акции во Tesla, но ги продаде минатата година.
Иако е наменет само за еспресо, откако истото ќе биде подготвено, може да се додаде млеко или мраз и корисникот да си направи кафе по избор.
Од компанијата велат дека се одлучиле на ваков чекор со цел да се превенираат сценарија на изнесени, изгубени или злоупотребени податоци коишто може да предизвикаат несогледливи финансиски, но и репутациски последици.
Според резултатите од последните истражувања, коишто се прават во седиштето на Alcoa кај Питсбург, компаниите се на добар пат да создадат технологија за производство на алуминиум што ослободува кислород, наместо јаглероден диоксид.
Веќе во следните неколку недели се очекува Google Duplex да почне да се појавува како "експеримент" кај одредени корисници.
Освен WIndows 10, може да се инсталира и Android оперативен систем, по желба на корисникот, а батеријата му трае до 6 часa.
Специјалниот материјал од којшто е изработен, освен што е водоотпорен, ја штити внатршноста од бактерии, нечистотија и мувла, а посебната преграда овозможува безбеден пренос на лаптоп, таблет и слично.
Задниот дел од рачката може да се користи како аван и толчник, бидејќи без напор меле и толчи сол, бибер, зачини, па дури и јаткасто овошје
Покрај соларната енергија која само во Кина вработува 2,2 милиони работници (2/3 од вкупниот број во светот во овој сектор), друг голем работодавач во оваа индустрија се и течните биогорива со 1,9 милион работни места, како и хидроенергијата која "вработува" 1,5 милиони работници.
Kiwi 4 преку анализа на перформансите на автомобилот, како моќност, забрзување и слично, обезбедува информации за оптимален начин на возење со којшто корисникот би заштедил гориво, а со тоа и пари.
Леталото првично ќе биде прво пилотирано од луѓето, но на крајот ќе лета самостојно.
Досега корисниците пријавиле дека вакви пораки успеале да срушат цела верзија на WhatsApp и за Android и за iOS, но комплетно паѓање на оперативниот систем се има случено само кај Android телефоните.
Таа емитува и звуци како на пример капки дожд, морски бранови и слични релаксирачки амбиентални звуци што помагаат за полесно заспивање.
Оваа функција ќе почне да се појавува во текот на следните недели и во првите месеци ќе биде интегрирана за корисниците на G Suite.
Станува збор за зачин што прилично тешко се одгледува, впрочем ванилата се екстрахира од деликатниот цвет на орхидејата и заради тоа е втор најскап зачин, после шафранот.











