Сервисни

Граѓаните ќе можат да пријават евентуални проблеми при преминот од аналогно во дигитално емитување на телевизиските сигнали на бесплатниот телефонски број 190 во контакт центарот на Агенцијата за електронски комуникации, соопштија денеска од АЕК.
Времето во Македонија ќе биде умерено облачно со умерен, повремено засилен југозападен ветер. Попладне на места ќе има зголемување на облачноста проследена со краткотраен дожд.
Во клисурите и засеците можни се поситни одрони, особено на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д. Капија-Удово и Катланово-Велес.
Град Скопје соопшти дека на 1 јуни годинава ќе стартува сезонскиот вонреден времен режим на сообраќај, односно забраната за движење на тешки товарни моторни возила на подрачјето на главниот град.
Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне особено во западните и северните делови ќе има локален краткотраен дожд и можност за ретка појава на грмежи.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви коловози. Во клисурите и усеците можни се поситни одрони, особено на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д. Капија-Удово и Катланово-Велес.
Утре во период од 9 до 11 часот без струја ќе останат корисниците од улицата Коста Новаковиќ во Аеродром, од 9 до 12 часот корисниците на Кадино и Илинден и од 9 до 13 часот без струја ќе биде општина Центар на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов.
Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Кон крајот на денот во западните делови ќе има локален краткотраен дожд.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви коловози.
Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од западен правец.
На патниот правец Гостивар - Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента. На патниот правец Демир Капија - Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат.
На 25 мај во сабота, со почеток во 20:45 часот, за сите љубители на фудбалот MaxTV организира гледање на отворено на големото финале од Лига на шампиони, на плоштадот Македонија во Скопје.
На места ќе има пообилни врнежи и услови за изолирана појава на град. Повремено ќе дува силен јужен ветер со брзина над 70км/час.
Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово - Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).
Поинтензивни процеси се очекуваат во ноќните часови кога ќе има пообилни врнежи од дожд и услови за зголемена појава на град. Во текот на денот и ноќта ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.
Во клисурите се бележи појава на поситни одрони, особено на патните правци: Демир Хисар - Кичево, Катланово-Велес, Д.Капија-Удово, Маврово-Дебар-Струга, Кочани-Делчево и Виница-Берово.
Во среда попладне и во четврток времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Од четврток се очекува опаѓање на температурите за пет степени.
На патниот правец Гостивар - Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.
Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер главно од јужен правец.
Поради свлечиште во должина од 150 метри кај месноста Фариш на патниот правец Градско - Прилеп, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.
Во попладневните часови облачноста ќе почне да се намалува. Преку денот ќе дува умерен југоисточен ветер, а во североисточниот и во источниот дел во земјава повремено ветерот ќе се засилува.
Во клисурите се бележи појава на поситни одрони, особено на патните правци: Демир Хисар - Кичево, Катланово-Велес, Д. Капија-Удово, Маврово-Дебар-Струга, Кочани-Делчево и Виница-Берово.
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
На патниот правец Демир Капија - Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот.