Малите капсули во првата фаза ќе бидат тестирани при брзина од 70 км/час, а ќе можат да достигнат брзина од 240 км/час во комерцијалната фаза.
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и поранешната женска тениска шампионка Били Џин Кинг вложија по 3,5 милиони долари во проектот Smart Court.
Во Австралија започна проектот Cool Change Cities, кој предлага да се користи асфалт во посветла боја за да се намали температурата во градовите.
Интернет гигантот Google се подготвува за продажба на хуманоидниот робот кој може да трча, да се качува по скали и да вози автомобил.
Експерименталната апликација на Facebook – Slingshot сега е достапна за Андроид и iOS системите низ целиот свет.
Новиот уред од серијата паметни телефони X, го има дизајнот карактеристичен за Nokia, со маски во црна, бела и силни пастелни бои, како што се портокалова и зелена.
Производниот партнер на iPhone, Foxconn ќе вработи 100.000 нови работници за производство на новиот iPhone 6.
Со овој револуционерен уред мирисите на шампањското и на чоколадото беа испратени преку мобилен телефон од Париз до Њујорк.
Компанијата Амазон го лансираше својот прв паметен телефон, Fire Phone, со кој се надева дека ќе биде вистински конкурент на уредите на Apple и Самсунг.
Наместо да ги броите препорачаните осум чаши вода дневно, во вашите раце наскоро ќе имате паметна шолја што може да идентификува колку течност сте испиле.
Дронот може лета до 72 километри на час, а со полна батерија може во воздух да остане 15 минути.
Скенерот, што ја идентификува бојата, се наоѓа на врвот на пенкалото, и кога ќе допре до предмет со одредена боја, пенкалото ја зачувува бојата и ја прави потребната комбинација.
Осумнаесеткаратниот прстен Ringy преку Bluetooth е поврзан со паметниот телефон и испраќа информации за примена порака или повик.
Image Haddad, хрватски бренд што е присутен и во Македонија, Словенија и Босна и Херцеговина, го претстави својот проект Интерактивен излог.
Google ја купи компанијата Skybox Imaging, што е чекор напред за интернет пребарувачот да испрати своја флота од сателити за да обезбеди пристап до најодалечените точки во светот.
Претседателот на PayPal, Дејвид Маркус, се откажува од својата досегашна позиција, со цел да се приклучи кон Facebook.
Туристите, доколку сакаат бесплатен Wi - Fi, можат да добијат лозинка и корисничко име само ако го покажат својот пасош на аеродромите или во туристичките информативни центри.
Изборот на Apple да го заобиколи Yahoo не е добра вест за извршната директорка на светскиот пребарувач, Мариса Маер, чија цел е да го убеди Apple да го користи Yahoo Search како стандарден пребарувач наместо Bing.
Додека го читате ова, 166.666 покани за пријателство се испраќаат на една од најпопуларните социјални мрежи Facebook.
SpaceX може да слета било каде, со точност на хеликоптер. Dragon V2 пробниот лет без екипаж веројатно ќе го направи до крајот на следната година, а првиот пилотиран лет е планиран за 2016 година.
Компанијата Google објави дека за еден ден примила 12.000 барања од корисниците од ЕУ, кои сакаат да бидат избришани незгодните информации од резултатите од пребарувањето.
Оваа компанија лансираше сопствен бренд на вода, со кој сака да ја покаже чистината на емисијата на гасови на FCX (Fuel Cell eXperiment) автомобилите, кои ја користат технологијата на водород како гориво.
Светски познатата компанија за електронска трговија Амазон го олеснува своето работење и наместо луѓе, во своите магацини распоредува роботи.