Две третини од деловниот простор во зградата е издаден уште пред да биде официјално отворен, најмногу на банкарски и консултантски компании.
На настанот ќе биде објавено новото име на регионалната иницијатива што досега беше неформално нарекувана како Мал шенген и ќе бидат потпишани трилатерални договори што, според најавите, ќе го подобрат животот на граѓаните и на бизнис заедницата од Западен Балкан.
Кинескиот милијардер, одгледувач на свињи и земјоделски магнат, Сун Дави, по неколкунеделни тајни сослушувања, е осуден на 18 години затвор и изречена му е парична казна од 345.000 фунти.
Цените на нафтата на меѓународните пазари се зголемија на околу 75 долари за барел, пред извештајот од којшто се очекува пад на американските залихи над очекувањата.
На сите монети на хрватското евро подлогата ќе биде препознатливата шаховница, мапата на Хрватска ќе биде на монетата од две евра, куна на монетата од едно евро, ликот на Никола Тесла на 50, 20 и 10 центи, а мотиви од глаголицата на монетите од пет, два и еден цент.
Приоритет остануваат здравјето, здравјето на граѓаните, здравата економија и здрави финансии.
Француската полиција трага по лице кое од ексклузивна златарница во Париз украл накит во вредност од два до три милиони евра и побегнал со електричен тротинет.
Вредноста на акциите на Mattel се зголеми за 5% на берзата во Њујорк по објавувањето на резултатите од вториот квартал.
Шеснаесет земји на ЕУ се приклучија на јавната нарачка за набавка на 220.000 дози за лекување.
Испораката на паметни телефони во Кина се намали за 11% во вториот квартал од оваа година, најмногу поради намалената економска активност на Huawei поради американските санкции.
На сите граѓани што аплицирале и што ги исполнуваат условите за добивање ваучер за домашен туризам ќе им бидат врачени во текот на наредната недела и нема да важи условот “прв дојден, прв услужен” што се применуваше досега.
Крајната цел на овие работилници е да се запознае јавноста за поволностите што ги нуди мерката 7, но и условите што треба да се исполнуваат. Овој повик што е на сила до 22 август е последниот од ИПАРД 2 програмата, со буџет од 9,6 милиони евра, од кои преку поврат на инвестиции макисимално можат да се обезбедат до милион евра.
Во текот на пандемијата, во операта во Њујорк владеела напнатост бидејќи управата сакала да ги намали платите на вработените поради пад на приходите.
Русија оваа година ја надмина Саудиска Арабија по дневното производство на нафта и стана втор најголем светски производител на “црно злато“ зад САД.
Министерот информираше дека со последните законски измени се додаваат повеќе основи за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини од страна на државата, со што се заоструваат условите за работа на концесионерите.
Домаќинствата од еврозоната продолжија забрзано да позајмуваат од банките минатиот месец.
На овој начин, секој денар на граѓаните ќе можеме да го следиме каде е отиден и кој ефект го има постигнато за да се врати назад кај граѓаните како добра инфраструктура, градинки, училишта, велосипедски патеки, нови отворени работни места", подвлече Битиќи.
Со 12 грантисти од земјава, Министерството за локална самоуправа денеска потпиша договори за кофинансирање на 12 нови проекти вредни 3,6 милиони евра преку ИПА Програмата на Европската Унија за прекугранична соработка.
Таа истакнала дека треба да продолжат напорите и да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе.
Во јуни 2021 oваа година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1,3% на месечно и за 7,3% на годишно ниво.
Досега на шалтерите на единиците на поштенска мрежа на цела територија на државата можеше да се изврши уплата на режиски трошоци, уплата на дневен пазар од правни лица, уплата на јавни давачки со образец ПП 50.
Финалниот буџет на Токио за Олимпијадата е повеќе од 15 милијарди долари. Летните олимписки игри оваа година, наводно, се најскапи досега, а официјалните трошоци се повисоки за 22%, достигнувајќи 15,4 милијарди долари.
Аналитичарите предвидуваа нето добивка од 328 милиони евра за вториот квартал, според податоците собрани од Refinitiv.
Во текот на последните месеци во четири погони на фабриката во повеќе наврати го прекинуваа производството поради глобалниот недостиг на чипови.









