Државната потрошувачка се однесува на заштита на биодиверзитетот, обнова на шумите, регенерирање на земјоделието и зачувување на водите.
Потпишан е договор што ќе овозможи да се вакцинираат 110 милиони луѓе против ковид-19, соопшти Фондот.
Во портфолиото на Chipita се брендовите: 7Days, Chipicao и Fineti, а минатата година компанијата имала приходи од над пола милијарда долари.
Податоците покажуваат дека расте бројот на граѓани што ја поддржуваат идејата за заокружување и укинување на монети од еден и два цента.
Проектот вреден две милијарди евра е наречен Nordlink, а ќе ѝ овозможи на Германија вишокот на електрична енергија од своите ветерници да го извезува во Норвешка, каде ќе може да се складира во големи резервоари што ги има хидроенергетскиот систем на оваа нордиска земја.
На лондонскиот пазар, барел нафта поевтини за 60 центи на 68,27 долари, додека на американскиот пазар се тргуваше по цена пониска за 57 центи на 65,64 долари.
Низ личен пример воспоставете ја родовата еднаквост во бизнисите кои вие ги водите. Само на тој начин ќе постигнеме целосна родова еднаквост.
Оваа година ни е со најголем извоз на винско грозје, посебно наливното вино, токму заради стимулацијата, за повеќе да се извезува.
Европската комисија ги повика земјите членки да ја подготват логистиката за издавање и препознавање на сертификатот издаден во ЕУ.
Па така, за еднособен стан во центар на Скопје, може да платите отприлика 250 евра за месечна кирија, а во Загреб за таков стан треба да се одвојат околу 450 евра.
Вицепремиерот Битиќи зборуваше и за даночните олеснувања и финансиска поддршка за нови инвестиции, како еден инструмент за поддршка на стопанството.
Поради рестрикциите и затворените хотели поради пандемијата, голем дел од минатогодишните ваучери што требаше да се потрошат до крајот на годината останаа неискористени, па владата ја дозволи нивната употреба и за оваа година.
Boeing се согласи на бројни корективни мерки, а целта на тоа е да Boeing повеќе да вградува делови во авионите што не се одобрени.
На овие обвинувања од дирекцијата на Ferrari стигнало објаснување дека за “работните услови на вработените магационери одговара кооперантот, а не фабриката“, иако, како што потсетува весникот, целата работа оди за Ferrari.
Opel ја претстави третата генерација на Movano кој како опција во поставата за прв пат добива верзија со електричен погон.
Вредноста на железната руда, која достигна 229 американски долари за еден тон на 13-ти мај, падна за над 5% на 190 американски долари во вторникот. Цената на бакарот, која неодамна беше над 10.700 долари, падна под 9.900 долари за тон.
Република Северна Македонија дефинираше среднорочна политика за поголема отпорност на економијата која се темели на повеќе платформи во периодот од 2021 до 2025 година.
Регулаторите се сложија дека во изминатиот период поради концентрираната работа од дома потрошувачите го зголемиле интересот за своите права кога станува збор за квалитетот на испорачаната енергија и понудената услуга од снабдувачите.
Тестирањето на новата опција не покажа големи промени што се однесува на психолошката состојба на корисниците.
Мислењата, исто така, драстично се разликуваат зависно од возраста – над 60 % од Европејците на возраст од 25 до 34 години и 56% од оние на возраст од 34 до 44 години ја поддржаа идејата, додека мнозинството од испитаниците постари од 55 години не сметаат дека тоа е добра идеја.
“Пакет“ за Еверест чини од 35.000 до 160.000 долари, а западните агенции наплаќаат во просек околу 70.000 долари.
Големиот конкурент на Ford, General Motors, исто така, во јануари се обврза дека до 2035 година веќе нема да произведува автомобили на дизел и бензин.
Иранската влада најави забрана за рударење на биткоин и други криптовалути, објави во средата претседателот на земјата, Хасан Рухани.