Кириите во земјите на ЕУ пораснаа за 1,3%, а цените на станбените недвижнини за 7,3%

208

Цените на кириите и станбените недвижнини во ЕУ, според податоците на Еуростат, го продолжија својот континуиран раст во вториот квартал од 2021 година. Кириите пораснаа за 1,3 отсто, додека цените на станбените недвижнини пораснаа дури за 7,3 отсто во споредба со вториот квартал минатата година.

Помеѓу 2013 и 2014 година е забележано стабилно зголемување на цените на станбените недвижнини, додека по 2015 година, цената настанбените недвижнини  почна да расте побрзо од кириите.

Од 2010 година, кириите се зголемија за 16 проценти, додека цените на станбените недвижнини скокнаа за 34 проценти, објави Еуростат.

Кога ќе се спореди вториот квартал од 2021 година со 2010 година, цените на станбените недвижнини пораснаа повеќе од кириите во 18 земји на ЕУ. Цените на куќите генерално пораснаа во 23 земји на ЕУ, а се намалија во само четири. Највисок раст е забележан во Естонија (133 проценти), Луксембург (111 проценти) и Унгарија (109 проценти). Пад на цените е забележан во Грција (-28 проценти), Италија (-13 проценти), Кипар (-8 проценти) и Шпанија (-3 проценти).

Моделот на движење на цените за изнајмување е малку поинаков. Цените се зголемија во 25 земји -членки на ЕУ, додека тие се намалија само во две. Највисок раст е забележан во Естонија (142 проценти), Литванија (109 проценти) и Ирска (66 проценти). Пад е забележан во Грција (-25 проценти) и Кипар (-3 проценти).