Која е најфалсификувана банкнота во Европа

85

Ограничувањето на работата на рестораните и продавниците доведе до намалување на циркулацијата на фалсификувани банкноти во Европа.

Според податоците на Европската централна банка, банкнотите од 50 евра најчесто се фалсификуваат во Европа. Според структурата на откриени фалсификати на евра во првите шест месеци од оваа година, во 41% од случаите, тоа била банкнота од 50 евра, а 30%, од 20 евра. Банкнотите од десет евра беа меѓу откриените фалсификати во 16% од случаите, и оние од 100 евра во 8%. Фалсификуваните банкноти од 200 евра се најмалку откриени во Европа, само 1% од вкупно откриените, но и оние од пет и 500 евра – тие сочинуваат 2% од откриените фалсификати.

Во цела Европа, во првите шест месеци од оваа година, беа регистрирани вкупно 167.000 фалсификувани банкноти на евра, со вкупна вредност од околу осум милиони евра.

Фото: Pixabay