Колку е Македонија подготвена за е – трговија

52

Извештајот за подготвеноста на земјите да се приклучат на интернет трговијата на одделот на Обединетите нации задолжен за трговија и развој UNCTAD (United Nations Conference on trade and development), за 2020 година, покажа дека Северна Македонија се наоѓа на 52-то место на скалата.

Според извештајот, којшто опфаќа 152 земји во светот, меѓу земјите од регионот најдобро е позиционирана Хрватска, на 25 место, следи Словенија на 34 место, Србија на 43 место, а после нас е позиционирана само Црна Гора која е на 78 место.

Индексот оценува 152 земји во однос на подготвеноста за купување преку Интернет, чија вредност се проценува на 4,4 билиони долари во 2018 година, што е за 7% повеќе од претходната година.

Земјите се оценуваат според пристапот до безбедни сервери на Интернет, веродостојноста на поштенските услуги и инфраструктурата и дел од нивната популација што користи Интернет и има сметка кај финансиска институција или давател на услуги за мобилни пари.

Топ 10 земји во извештајот се:

1. Швајцарија

2. Холандија

3. Данска

4. Сингапур

5. Велика Британија

6. Германија

7. Финска

8. Ирска

9. Норвешка

10. Хонгконг

Фото: Pixabay