Колку е во “мода“ работата од дома во земјава?

40

Работата од дома не е невообичаена во светот, но во изминатите месеци стана можеби единствено решение за многу професии што го овозможуваат тоа. Податоците од европската статистика покажуваат во текот на минатата година, 5,4% од вработените во Европската унија, на возраст од 15 до 64 години, работеле од дома. Овој процент што се движи околу пет трае скоро цела декада.

Eurostat, исто така, нотира дека лани повеќе жени работеле од дома за разлика од мажите (5,7 наспроти 5,2%). Според возрасни групи, најголем процент или 6,6% од дома работеле лица на возраст од 50 до 64 години, додека 5,2% од оние кои работеле од дома се на возраст од 25 до 49 години.

Анализирано по земји, Холандија и Финска се на врвот на листата земји од ЕУ со најголем удел на луѓе кои работата од дома. Околу 14% од жителите на овие две земји лани вообичаено работеле од дома. Потоа следуваат Луксембург и Австрија, со 11,6, односно 9,9%.

За разлика од нив, најниска стапка на работа од дома се забележува во: Бугарија (0,5%), Романија (0,8%), Унгарија (1,2%), Кипар (1,3%), Хрватска и Грција (по 1,9%).

Податоците на Eurostat за Македонија говорат дека лани 1,6% од вработените во земјава работеле од дома. Во 2018-та година, тој процент бил 1,9, а една година претходно 1,7.

Фото: Pixabay