Колку компаниите се штитат од ИТ инциденти

32

Во текот на 2019-та година, 21% од компаниите во Европската унија со 10 и повеќе вработени направиле осигурување од ИТ безбедносни инциденти. Кај малите компании тој удел е 20%, а кај средните 28%, а кај големите до 35%, покажуваат податоците на Eurostat.

Анализирано по земји, Данска е лидер бидејќи во оваа земја 56% од компаниите имаат ваков вид на осигурување. Потоа следуваат Ирска, Франција и Шведска со по 39% од компаниите.

Од друга страна, помалку од 5% од компаниите во Бугарија имаат ваков вид на заштита, а со низок процент се и Литванија, Унгарија и Словенија со по само 4% од фирмите.

Фото: Pexels