Комерцијална банка ја заврши 2013 година со добивка од 78,9 милиони денари

15

komercijalna-banka1-564x272 Комерцијална банка АД Скопје ја завршила 2013 година со нето-добивка од 78,9 милиони денари, односно 1,28 милиони евра, а одлучено е добивката да се издвои во резерви заради зголемување на вкупниот капитал.
Оваа одлука е донесена на редовно Годишно собрание на акционерите на Комерцијална банка АД Скопје што се одржа во средата во Скопје.

Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2013 година со бруто-добивка во износ од 88,6 милиони денари. По пресметување на данокот на непризнаени расходи од 9,7 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 78,9 милиони денари.

Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 78,9 милиони денари и одлучија добивката да се издвои во резерви заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, се наведува во соопштението.

На Собранието биле усвоени финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, како и Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2013 година, Програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на Банката за 2014 година и Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза.