Конференција за транспортна инфраструктура на ЦЕФТА регионот

17

g_stopanska-komora-na-makedonВо хотелот Холидеј Ин во Скопје, во организација на Стопанската Комора на Македонија, денес ќе се одржи конференција за транспортната инфраструктура, на тема Конективна Европа-одговор од ЦЕФТА регионот.

Конференцијата е посветена на бизнис заедницата, стопанските комори, бизнис асоцијациите, владини претставници и е во согласност со усвоената програма на заедничкиот партнерски проект – ЦЕФТА-ДИХК, Имплементација на ЦЕФТА, со цел унапредување на интернационализацијата на економијата во ЈИЕ.

Конференцијата ќе се фокусира на транспортната инфраструктура со цел зајакнување на публицитетот за ова прашање и да се отвори јавно приватен дијалог во врска со потребите за развој на инфраструктурата и да се промовираат можностите на јавно приватното партнерство.

Страните во ЦЕФТА 2006 во Преамбулата на Спогодбата изразија подготвеност да соработуваат едни со други во барањето начини и средства за зајакнување на процесот на економска интеграција во Европа. Добрата инфраструктура има директен ефект врз трговските трошоци и подобрувањето на конкурентноста. ЦЕФТА регионот се соочува со недоволна инфраструктура и недостаток на инфраструктурни конекции и транспортна мрежа. Уште повеќе, на земјите на ЦЕФТА им недостасува регионален, заеднички пристап во надградбата на инфраструктурен капацитет во регионот.