Македонците чуваат 4,7 милијарди евра во банките

251

Околу 4,7 милијарди евра граѓаните штедат во македонските банки.

Бројките од Народната банка укажуваат декa граѓаните имаат најголема доверба и  најмногу ги депонираат своите заштеди во Комерцијална банка. Податоците на НБРСМ, покажуваат дека граѓаните во Комерцијална банка чуваат 1,3 милијарди евра.

Втора банка на која домаќинствата и ги довериле заштедите е Стопанска банка. Парите што како депозити се чуваат во оваа банка изнесуваат нешто малку над една милијарда евра.

Трета банка со најголемо депозитно салдо е НЛБ банка, каде граѓаните штедат околу 900 милиони евра.

Од останатите единаесет банки присутни на домашниот пазар, на четврто место по висината на депозити е Халк банка со депозитна сметка од 315 милиони евра.

Следува Охридска банка со 218 милиони евра во депозити, а веднаш зад неа е УНИБанка каде граѓаните 206 милиони евра.

Фото: Pixabay