Македонија домаќин на iProceeds конференција за Југоисточна Европа и Турција

51

DSC_0944

Во Охрид денеска беше отворена iProceeds конференцијата за југоисточна Европа и Турција, којашто е проект на Европската унија и Советот на Европа против компјутерски криминал и перење пари.

На оваа голема конференција, на која освен нашата држава учествуваат: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Турција и Косово, членовите на националните тимови на проектот, партнерите на проектот, претставниците на меѓународни организации и многу други технолошки и економски експерти, се присутни и околу 80 кривични судски претставници, експерти за компјутерски криминал и претставници од финансиските институции и даватели на услуги.

Денеска и утре во Охрид се дискутира за конкретните чекори кои што треба да се преземат за посилна јавна/приватна и меѓународна соработка за подобрување на финансиските истраги и конфискација на приносите од криминалот што се извршува онлајн.

Целта на проектот е да се зајакнат капацитетите на властите во регионот на проектот за пребарување, запленување и конфискација на приносите од компјутерскиот криминал и спречување на перење пари на интернет.

Во светот, поголемиот компјутерски криминал што е пријавен и истражен од страна на криминални власти правда е поврзан со различни видови на измама и други кривични дела со цел добивање на нелегални економски бенефиции. Генерирањето и перењето на огромни количини на приноси најчесто се врши преку интернет и преку употреба на информатичките и комуникациските технологии (ИКТ). ИКТ се експлоатираат за широк спектар на сериозни и организирани криминални активности со динамична врска меѓу online и offline организираниот криминал. Во исто време, приносите од криминалот онлајн ретко се запленуваат и конфискуваат. Ова е, исто така, и за земјите од Западен Балкан и Турција.

Реализацијата на конференцијата која ќе трае во понеделник и вторник е конципирана кон следниве теми: учествување на носителите на одлуки и проектните тимови во активностите на iPROCEEDS проектот, претставување на нацрт извештај за состојбата на мерки против компјутерскиот криминал и откривање, заплена и конфискација на приноси од компјутерскиот криминал, како и мерки за спречување на перење пари преку интернет во областите/земјите каде што се имплементира проектот, постигнување на договор за работен план на проектот, иницирање на специфични проектни активности. Исто така, конференцијата ќе се состои од: сесија за претставници на националните капацитети и потреби поврзани со компјутерскиот криминал, таргетирање на криминалните приноси и спречување на перење пари на интернет, регионална работилница на приватното/јавното споделување на информации помеѓу институциите од финансискиот сектор, единиците за компјутерски криминал и другите засегнати страни, регионална работилница за меѓународна соработка.